Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Доделени стипендиите за најталентирани ученици и спортисти

Градоначалникот Борис Георгиевски, додели 20 стипендии за талентирани спортисти и ученици од основните училишта од општина Гази Баба, за учебната 2017/2018 година.

- Драги ученици, ваша работа е да учите, да се надградувате, а наша обврска е да ви направиме квалитетни услови за учење и за одвивање на воспитно - образовниот процес.

Со квалитетен воспитно образовен и стручен кадар, со адекватни услови за работа, со мотивирани ученици, доаѓаат и одличните резултати во образованието - се обрати градоначалникот Георгиевски на присутните ученици.

Тој напомна дека во тек е изградба на новото основно училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром, а во план е реконструкција на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто, изградба на две училишни спортски сали во Хиподром и Стајковци, како и санација на сите основни училишта.

На крајот, градоначалникот Георгиевски на сите им ги честита престојните новогодишни и Божиќни празници и им посака многу здравје, среќа и успеси во наредната година.

Стипендии за најталентирани спортисти добија учениците:

Петар Давидовски

Ана Пејиќ

Борјан Давковски

Милијана Рељиќ

Елеонора Митковска

Мерис Зверотиќ

Едон Реџепи

Никола Јорданов

Ангела Димитриевски

Стипендии за најталентирани ученици добија:

Марија Петковска

Драган Николовски

Филип Велковски

Павел Наневски

Стефан Савиќ

Ангела Влинтовска

Сара Тошевска

Сања Филиповска

Антонио Илиоски

Марија Филипова

Трингла Емини

13.12.2017 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree