Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Градоначалникот Георгиевски избран за член на Управен одбор на Шаховската федерација на Македонија

Шаховската федерација на Македонија конституираше нов Управен одбор, согласно овластувањата на актуелниот претседател Благоја Богоевски, каде за потпретседател беше избран Златко Марин, Градоначалник на Општина Аеродром, а секретар на УО ќе биде Лидија Софревска од ШК „Алкалоид", меѓу останатите  избрани членови беше и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Целта на овој УО ќе биде да овозможи услови за работа и да го врати достоинството и сјајот што шахот го имал во Македонија. Членовите на Управниот одбор очекуваат поддршка од сите надлежни институции, а најмногу од Агенцијата за млади и спорт.

На седницата беше лиферуван и Предлог календар за 2018 година во кој се наброени повеќе „опен" турнири, како и меѓународната програма со учество на Олимпијадата во Грузија.

14.12.2017 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree