Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Градоначалникот Георгиевски-нов претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Новоизбраниот претседател посочи дека негова цел ќе биде вистинскиот рамномерен развој на регионот со акцент на руралните региони.

 

 

Денес се одржа првата Конститутивна седница на Советот за развој на Скопски плански регион на која градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски е избран за претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион (СПР), кој истакна дека негова цел ќе биде вистинскиот рамномерен развој на регионот со акцент на руралните региони.

На седницата беа верификувани мандатите на градоначалниците на Град Скопје, Аеродром, Арачиново, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари, кои се членови на Советот.

- Во минатите години државата, а и градот Скопје имаа  лош однос со општините што имаат рурални подрачја, вклучувајќи ги и градските општини. Овие општини беа заборавени и во нив не се вложуваше доволно и проблемите беа големи.Затоа е и овој Центар за развој на скопски плански регион, негова задача е подигнување на квалитетот на живеење, стимулирање на развојот на локално ниво, јакнење на ЈПП, како и меѓуопштинската соработка. Општина Гази Баба во делот на руралните  населени места има многу проблеми. Граѓаните немаат чиста вода за пиење, фекална канализација, лоша инфраструктура. Токму затоа јас како градоначалник ќе ги искористам сите можности кои овој Совет ги дава, со цел подобрување на условите на живот на граѓаните во сите делови на општината.

Во текот на мојот мандат еднакво ќе вложувам и во урбаниот и во руралниот дел. Секој граѓанин за мене е еднаков и со еднакво внимание  ќе ги решавам проблемите - рече Георгиевски.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлевски, рече дека вкупниот буџет за рамномерен регионалан развој за 2018 година е околу 6 милиони евра од Министерството и Бирото за рамномерен регионален развој.

- Општините да ги искористат можностите и инструментите за меѓуопштинска соработка за соодветно решавање на проблемите. Крајна цел треба да биде да добиеме одржливи, ефективни и ефикасни општини за квалитетен живот на сите граѓани подеднакво - Павлевски.

 НП: Дали имате планови за идни активности?

Георгиевски: Ќе се работи во делот за вода за пиење во Раштак, Булачани, Страчинци, улицата 28 во Сингелиќ, улиците што не беа асфалтирани деновиве поставуваме и водоводна канализација ги решаваме заедно со градот Скопје, со цел да ги подобриме условите во инфраструктурата во општина Гази Баба.

 Нп: Како претседател на СПР какви впечатоци за останатите општини и комуникацијата со останатите градначалници и што ќ се превзема во другите делови од Скопје?

Георгиевски: Во скопските општини сеуште постојат рурални населени места кои немаат елементарни услови за живот, така да во меѓуопштинската соработка која следи во периодот со скопскиот плански регион. Ќе имаме за цел меѓуопштинска соработка, меѓусебна размена на сите планови и програми кои ги имаме за следната година со цел подобрување на условите во сите населени места и во руралните и во урбаните места.

27.11.2017 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree