Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Нов систем на три подземни контејнери во Гази Баба

 

Градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски со претставници од ЈП Комунална хигиена, жители, присуствувааа во Триангла на отпочнување со работа на подземни контејнери, на една од трите локации, покрај Ченто и Хиподром, во општина Гази Баба, каде што има инсталиран систем со 3 контејнери. Контејнерите се со зафатнина од по 3 кубни метри, од кои 2 се за мешовит отпад од домаќинствата, а еден контејнер за ПВЦ амбалажа.

Вкупната инвестиција на овој проект е 6,6 милиони денари, од кои сите учесници во проектот инвестираа по 2.200.000,00 денари.

Во насока да се подобри хигиената во општината, претходно беа поставени подземни контејнери во Автокоманда, Железара и Јане Сандански, а општината во следниот период ќе реализира уште еден проектот за поставување на систем на 3 подземни контејнери за собирање на комунален и друг вид неопасен отпад, во соработка со град Скопје и ЈП Комунална хигиена.

Во моментот се работи на терен за изнаоѓање на три микролокации за кои се собираат  податоците од сите претпријатија во однос на подземните инсталации и каде што ќе има можност, ќе се инсталираат уште три подземни контејнери, со што на територија на општината ќе има вкупно девет локации со подземни контејнери.

26.07.2017

 

 

Articles de sport pour homme

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree