Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Патронен празник на ООУ„Крум Тошев“

 

Основното училиште „Крум Тошев“ од н.м Трубарево го прослави својот 30-ти роденден. Пред присутните гости учениците се претставија со богата програма која сочинуваше настап на училишниот хор, драматизација, музички и ритмички точки.

На настапот присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски , на кој директорката на училиштето Александра Петковска Анастасов му додели благодарница за посебен придонес во подобрувањето на условите за работа и развој во училиштето.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот им го честита патрониот празник на наставниците и учениците и им посака успеси во реализирањето на воспитно-образовниот процес.

Директорката им додели благодарници и на дел од пензионираните наставници и вработени во училиштето, како и на поранешни ученици кои сега се успешни и истакнати граѓани.

03.03.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree