Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

По 12 - ти пат започнаа училишните спортски лиги

 

Во спортската сала Методија Андонов - Ченто, во н. Маџари, во организација на општина Гази Баба и Сојузот за училишен спорт Гази Баба,по дванаесетипат започнаа училишните спортски лиги 2017/2018. Во рамките на училишните лиги се вклучени спортовите: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, пинг понг, атлетика, шах, тенис и крос.

На територија на општина Гази Баба ќе бидат опфатени околу 1500 ученици во овие лиги. Целта е да се мотивираат повеќе ученици да спортуваат , да се рекреираат и да другаруваат.

Градоначалникот Борис Георгиевски го отвори настанот и се обрати пред присутните, при што им посака на сите училишта среќа и успех во натпреварувањата.

-  Вклучувањето на младите во спортот и спортските активности допринесува за изградбата на здрави личности. Само физички активната младина може вистински да го развива својот интелектуален потенцијал и да гради силна волја и јак морален дух.

Спортот и физичките активности се важни за здравјето на младите, што им помага во процесот на совладување на наставните содржини, во напорната работа, во секојдневните предизивици, како и во постигнувањето на успехот на повеќе полиња.

        Се надевам дека од вас ќе произлезат добри спортисти, наши идни репрезентативци и амбасадори на нашата држава, рече на крај на своето обраќање градоначалникот Георгиевски.

14.11.2017 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree