Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Промоција на Парк на македонско-унгарско пријателство

 

Како резултат на одличната соработка помеѓу Р.Македонија и Унгарија и по повод одбележување на националниот ден на Унгарија, паркот во н.Триангла каде се поставени спомен плочите на познатиот композитор Франц Лист и лидерот на револуционерната борба за демократија и слобода на Унгарија Лајош Кошут,се промовираше во Парк на македонско-унгарско пријателство.

Пред присутните гости ,меѓу кои беа и делегации од Амбасадите на Р.Србија и Руската Федерација, претставници од општина Гази Баба, жители од н.Триангла, свое обраќање имаа градоначалникот Тони Трајковски, амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Н.Е Ласло Дукс и претседателот на здружението на унгарците во Република Македонија „Теледом“, Јожеф Шутуш.

Делегации од општина Гази Баба, од Амбасадите на Унгарија, Р.Србија и Русија положија свежо цвеќе на споменикот на Лајош Кошут, а во музичкиот дел настап имаше ученик од ОУ „Наум Наумовски Борче“, кој отпеа изворна народна македонска песна.

17.03.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree