Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Работна средба со амбасадорот на Република Франција

 

Градоначалникот Тони Трајковски го прими на работна средба амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние.

На средбата градоначалникот на амбасадорот му презентираше кратка информација за профилот на општината, за индустриските капацитети во општината, за развојот на културата, спортот, образованието, за капиталните проекти и развојните капацитети на општината.

Тој исто така ја потенцираше и изградбата на Културниот центар во Автокоманда, кој се прави со ЈПП со француската музичка продукција ФАМЕС.

Амбасадорот Тимоние изрази големо задоволство од средбата со градоначалникот на општина Гази Баба и од одличната соработка на општината со едната од петте водечки музички продукции во светот за изработка на филмска музика ФАМЕС.

Тој рече дека високото ниво на професиналната соработка на општината со ФАМЕС, треба да биде пример за сите кои отпочнуваат соработка од ваков вид.

На средбата градоначалникот и амбасадорот се договорија да ја продлабочат соработката на полето на културата и бизнис заедницата, со што во иднина би се отвориле можности за абратимување на некоја општина од Р. Франција, која е слична по нејзината структура со општината Гази Баба.

09.03.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree