Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

СОС Детско село ќе добива континуирана поддршка од Гази Баба

Градоначалникот Борис Георгиевски денес оствари средба во просториите на СОС Детско село во н. Ченто, содиректорката на СОС Детско село на Македонија, Јулијана Гапо и Прим. Др. Иван Двојаков на која разговараа за менаџментот и функционирањето на СОС Детското село како и за поддршката која општина Гази Баба ќе ја овозможува како матична општина.

Во Гази Баба од 2011 година постои и ресурсниот центар на СОС Детското село со голема поддршка наГерманското министерство за развој во соработка со општината како партнер. 

Градоначалникот Георгиевски изрази задоволство и ги потенцираше можностите за отворена соработка и помош која општината заедно со град Скопје и  МТСП ќе да ја овозможи на СОС Детското село, пред се за нивно понатамошно оспособување и вработување, потик за формирање на повеќе згижувачки семејства и подобрување на нивниот квалитет, нивна регрутација, со што целокупно би се подобриле условите на децата и младите за полесно вклучување во системот.

Тој нагласи дека во иднина може да се оствари и соработка со останати невладини организации на подрачјето на Гази Баба кои преку обуки и едукација би помогнале на овие деца за побрзо оспособување и прилагодување во образовниот  систем и пазар на труд.

28.11.2017 

 

nike lebron 9 blue court purple black shoes 2017

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree