Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Средба со амбасадорот на Р.Чешка

 

Градоначалникот Тони Трајковски денес беше во посета на амбасадата на Р. Чешка каде се сретна со амбасадорот Мирослав Рамеш и заменик на амбасадорот г-динот Јожев Брож, дирeкторот на Средното угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев", Зоран Николовски и Претседателот на "Клубот на Пријатели на Македонија" од Република Чешка, г-дин Јири Бартон.

Градоначалникот изрази благодарност за поддршката и помошта кои ја овозможија околу активностите за санирање на последиците од поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба.

На средбата се разговараше и за остварување на соработка на општина Гази Баба со некоја од општините на Р. Чешка за интензивирање на меѓународните односи на економско, образовно и културно ниво, исто така и за можноста за соработка со некои од основните училишта во Чешка преку програмата ЕРАЗМУС.

 Исто така разговараа и за можноста за соработка во рамки на рализација на бројни проекти поддржани од фондовите на  Европската унија.

20.04.2017

 

 

Политика на квалитет

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree