Акцијашка средба – Катланово 2018
Преку 100 акцијаши од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, учествуваа на акцијашката средба во Катланово во чест на одбележување на 40 години од младинската работна акција за изградба на автопатот “Братство и единство”.
На третиот јубилеј на здружението „Акцијаши“, своја поддршка дадоа градоначалникот на Гази Баба, Борис Геориевски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски.
Георгиевски пред присутните порача дека ќе докаже дека границите и политичките определби ќе ги тргне на страна, се со цел да се стави акцент на доброволното работно ангажирање, дружењето, доброволната пракса и очекува ваквите акции да се негуваат и понатаму како во Македонија, така и во останатите земји.
Шекеринска пак, им се заблагодари на присутните акцијаши кои голем дел од нив помагаа и учествуваа во неколку акции меѓу која и во санирањето на штетите по поплавите во Стајковци и изрази задоволство што денеска заедно со возрасните, учествуваат и млади акцијаши.
Директорот на ДЗС рече дека природата е немилосрдна и затоа а граѓаните ќе мора да се грижат за нивната безбедност и да се градат сигурни и безбедни градови.
Здружението „Акцијаши“ со поддршка на општина Гази Баба, преку работни акции, одбележа три јубилеи и тоа „Скопје на нашите дланки“ по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во главниот град, 70 години од работната акција за изградба на браната и хидроцентралата „Вруток“ - „Маврово 48“ и 40 години од изградбата на автопатот „Братство и единство“.
29.07.2018