Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Благодарност до сите за помошта која ја дадоа, наша заедничка обврска е да ја чуваме природата за никогаш тоа да не се повтори

 

6 август 2016 година, ќе остане како трагичен ден во Стајковци и околните места кои беа погодени од големото невреме.

Вечерва ќе имам прилика и јавно да им се заблагодарам на сите кои што не себично деноноќно помагаа кога беше најтешко. Доброволци, волонтери, припадници на министерството за внатрешни работи, на армијата, на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за зашита и спасување, Брзата помош, Противпожарната служба, Црвениот Крст како и фирми, граѓански здруженија, од сите краеви на Скопје и Македонија, уште вечерта беа присутни во најзагрозените подрачја и дадоа се од себе за да се санираат штетите по поплавата која го зафати Скопскиот регион, од која најпогодени беа Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Страчинци, Смилковци, Црешево и Брњарци и тоа само со една цел, да им се помогне на што повеќе настрадани лица, за што побрзо да ја надминат водената стихија.

Сите ние многу добро се познаваме. Јас сум од Стајковци, еден од оние кои таа вечер на 6-ти август со свои очи ја виде и ја осети таа несреќа. Јас, заедно моите сограѓани, надлежните служби, уште вечерта бев на лице место, онаму каде што беше најкритично. Состојбата беше страшна. Кал, превртени автомобили, блокирани улици, отсечени мала и она најлошото што може да се види луѓе во тага и болка по своите блиски, по своите домови. Градени со години, а ги изгубија за еден миг. Од утро до мрак бев заедно со најзагрозените мои сограѓани, на најкритичните места и знам дека да не беше помошта здружена од сите, немаше да успееме да им излеземе во пресрет на граѓаните, тогаш кога бевме најпотребни.

Затоа, токму кога се одбележуваат две години од поплавата која однесе над 24 човечки животи и направи непроценлива материјална штета, посакувам такво нешто никогаш да не се повтори. Денес од позицијата на градоначалник на општина Гази Баба со овие благодарници сакам на скромен начин да ви заблагодарам од името на сите граѓани за вашата помош. Ветувам дека како градоначалик, согласно надлежностите во делот на заштита на животната средина за спречување на природни непогоди, ќе направам се, за граѓаните на Гази Баба да имаат безбеден живот.

Покрај краткорочните планови и активности кои ги преземавме за санирање на штетите во сите погодени места, работиме и на долгорочна стратегија оваа катастрофа никогаш да не се повтори.

Каналите и каналните мрежи денес се чисти. Страчинскиот канал и Страчинската дрезда, комплетно ги решивме, но не застануваме тука.

Сите порои кои што доаѓаат од Скопска Црна Гора, Раштак, Булачани, Црешево, Виниче, Страчинци и Брњарци и нивните каскадни брани, комплетни ќе ги уредиме. 

Нов ободен канал над северната заобиколница, што како техничка документација ја обезбедивме оваа година од Министерството за животна средина како и од буџетот на општина Гази Баба, со цел сите порои и речни корита, да завршат во него и трајно да се реши проблемот со можните идни катастрофи.

Тоа што како општина го правиме заедно со Владата и ресорните министерства е само еден дел, но име еден друг поголем и поважен. Апелирам и до сите нас, зошто од нас зависи дали ваква катастрофа ќе ни се случи повторно. Да ги чуваме нашите убави шуми на Скопска Црна Гора, наместо да ги сечеме неконтролирано. Токму затоа тој предел го прогласивме за ерозивно подрачје заштитувајќи 3500 метри од шумскиот предел од сеча. Да ги чуваме и одржуваме каналите и каналските системи, наместо да ги заградуваме или претвораме во отпадни зони. Од нас, од нашата свест и почит кон природата зависи дали ќе успееме да спречиме нова вакава катастрофа.

Уште еднаш, благодарност до сите доброволци, волонтери, фирми и граѓански здруженија, оние кои помогнаа со својот труд, со својата механизација, оние кои испраќаа СМС пораки, организираа и донираа на пунктовите низ цела Македонија, за сите знајни, а особено на сите незнајни хумани луѓе кои помогнаа за брзо и ефикасно да се дејствува во санирањето на штетите и да се помогне кај што е потребно!

И секако, немаше да успееме без поддршката на голем број  медиуми и новинари, кои постојано информираа за состојбата на терен и чии стории допреа до безброј луѓе, организации, домаќинства кои се вклучија во спасувачката акција на терен. Свој удел за масовната помош имаа и социјалните мрежи, особено твитерџиите кои уште ноќта и наредните денови, организираа донаторски акции на повеќе пунктови низ Скопје.

Го имате мојот поклон до земја и благодарност од мене и граѓаните на мојата општина Гази Баба вечно ќе ве почитува.

 

 

26.07.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree