Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Георгиевски: Го прошируваме капацитет во градинките, се доградува градинката Морковче во Јурумлери

 

Општина Гази Баба интензивно работи на проширување на сместувачките капацитети во градинките. За таа цел, денеска сакам да најавам дека градинката  “Морковче” во Јурумлери ќе биде проширена. Нашата цел е да се намали бројот на деца кои се на листата на чекање и родителите без проблем да ги запишуваат своите деца во градинка.

Досегашните ресурси на “Морковче” која е изградената во 2012 година, уште од почетокот не ги задоволуваше потребните капацитети и токму затоа ќе се доградува дополнително уште 1 занимална.

За оваа намена општина Гази Баба издвои 2 милиони и 570 илјади денари, а со 500 илјади денари ќе биде опремена, средства одвоени од буџетот на Министерството за труд и социјална политика. Оваа просторија ќе обезбеди сместување за уште плус 20 деца.

Доградбата се очекува да биде готова до крајот на март, оваа година.

Ние не застануваме тука. Продолжуваме и во наредниот период да работиме на решавањето на еден од најголемите проблеми - недостатокот на места во градинките.

Други проекти на кои работиме се и реконструкција на градинката “Калинка” лоцирана во населба Железара каде ќе се добијат 3 нови  занимални кои ќе отворат место за плус 60 деца. Во оваа градинка ќе има и втора смена.

Започнавме со изградба на целосно нова градинка во Стајковци, каде ќе се згрижат вкупно 140 деца. А во текот на оваа година, ќе започнеме и постапка за подготовка на проектна документација за изградба на сосема нови објекти во Трубарево, Синѓелиќ, Ќерамидница и Инџиково, кои ќе се реализираат во иднина.

Со сите капитални проекти кои што ги отпочнуваме, со проширување на постоечките капацитети и изградбата на новите градинки, го зголемуваме  капацитетот во градинките за нови 220 деца, со што го решаваме проблемот со сместувачкиот капацитет во детските градинки во општина Гази Баба, со што листата на чекање, ќе стане минато.


 

 23.01.2019 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree