Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Георгиевски – Канцеларијата на матичната служба во Синѓелиќ од денеска отворена за

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на матичната служба, Бујар Дарлишта, денеска го означија почетокот на работа на канцеларијата на матична служба во објектот на месната заедница Синѓелиќ.

Георгиевски посочи дека на ова место и претходно постоела оваа канцеларија, но долги години објектот на месната заедница бил целосно руиниран и вон употреба.

  • Оваа канцеларија во која има уште неколку канцеларии од други државни институции, денес повторно работи во служба на граѓаните. Целосно е обновен целиот објект. Од пред неколку месеци работат канцеларијата на месната заедница, како и канцеларијата за превенција, а од денеска и матичната служба. Во наредниот период ќе почне со работа и канцеларијата на социјалната служба на град Скопје, вели Георгиевски.

Со отворањето на оваа канцеларија, општината, заедно со канцелариите на дел од државните институции повторно им стојат на  услугите на граѓаните.

Општина Гази Баба и понатаму ќе се грижи за секој граѓанин да добие навремени и квалитетни услуги. Канцеларии од овој вид ќе бидат отворени на уште неколку места.


 

 08.02.2019 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree