Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Градоначалникот Георгиевски го посети првиот жител на Гази Баба за 2019

 Градоначалникот  Борис Георгиевски го посети првиот жител на Гази Баба за 2019 година, машко дете - Ведран, родено во 00.01 минута на полноќ со тежина од 3 килограми и 940 гр и долго 52 сантиметри, на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар.

Традиционално, градоначалникот Георгиевски на семејството Ангеловски од населбата Хиподром, им посака среќни новогодишни и божиќни празници, а особено им честита што го донесоа на свет  Ведран, како прв жител на општина Гази Баба и во Република Македонија,  машкото дете на нашето поднебје е предзнак  за бериќетна и успешна година.

Градоначалникот Георгиевски му посака на Ведран многу здравје, убаво и безгрижно детство а на семејството им додели 20.000, 00 денари и играчка за бебето.

 

Линк од Youtube Градоначалникот Георгиевски го посети првиот жител на Гази Баба за 2019.


 

 02.01.2019


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree