Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општина Гази Баба ќе биде дел од проектот “Прекугранична иницијатива за културна размена” со општини од Косово

 

Општина Гази Баба заедно со уште две, Куманово и Теарце, ќе бидат трите општини од Македонија кои ќе бидат дел од проектот “Прекугранична иницијатива за културна размена” со три општини од Косово.

Проектни партнери се Косовска фондација за културно наследство без граници и Здружение за унапредување на одржлив развој - институт Балкан про Европа, со поддршка од ЕУ.

По тој повод, во просториите на општина Гази Баба се одржа првиот форум, на кој експерти од општината, од министерството за куктура, од институтот Балкан про Европа, го презентираа овој проект. Предвидени се форуми во сите 6 општини од двете земји. Преку форумите кои ќе се одржуваат ќе се допринесе за подобра комуникацијата, зголемување на довербата, но и да се поттикнат луѓето преку иницијативи и поддршка на заеднички активности да се унапредат областите во заштитата и унапредувањето на културното и природното наследство.

 

Целта е преку проектот “Прекугранична иницијатива за културна размена”  подобро да се менаџира со културното наследство, да се зголеми комуникација и соработка меѓу државите како и синегрија на граѓанското општество, локалната и државата власт.   

Проектот ќе обезбеди по 16.000 евра за секоја општина, средства со кои ќе се врши анализа на терен. Финализацијата на проектот се очекува да биде во февруари, 2020 година.

 

 


11.07.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree