Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општина Гази Баба ги отфрла обвинувањата дека било побарано помош за случајот на Снежана Крстевска од Ченто

 

Почитувани,

Тажно е што живееме во општество кога случаите како Снежана Крстевска од Ченто, се користат за медиумска манипулација, критики на социјалните мрежи без да се проверат фактите како и за ловење на партиски гласови.

Сакаме да Ве известиме дека никој од општина Гази Баба, ниту од градоначалникот Борис Георгиевски, не побарал помош за овој случај.  

До ниту еден сектор од општината која се занимава со оваа проблематика, како одделението за социјална заштита, за комунални работи и урбанизам, не добиле барање по кое би требале да постапуваат.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски веднаш откако се запозна со случајот на Крстевска, на терен ги испрати службите од секторите за социјална заштита и комунални работи, кои на лице место ја утврдуваат состојбата. Од страна на секторот за социјални работи беше земена потребна документација со цел да се започне постапка за одобрување на еднократна парична помош, согласно надлежностите на општината.

Од АД “Водовод и канализација” не информираа дека ниту до нив не е пријавен дефект, како и дека увидот на терен настанал дефект на приклучната цевка која поминува под бараките и прави штета кај соседот. Водата е исклучена самоиницијативно  со што странката останала без вода.

Секторот за комунални работи заедно со АД “Водовод и канализација” веќе договорија да се изгради нова водоводна линија од 50 метри од страна на „АД Водовод и канализација“, а приклучокот да го изврши општината. 

Не вистина е и дека општината спречила копање за санација на дефект на водоводната мрежа бидејќи за тоа нема надлежност.

Уште по тажно е што од општинскиот комитет од Гази Баба на ВМРО – ДПМНЕ наместо да помогнат, тие излегоа во лов на гласови и бараат да се свика итна седница на Советот на општина Гази Баба, со барање за реновирање на бараката во која живее семејството Крстевски и покрај тоа што итна седница на Совет се свикува само во вонредни ситуации.   

Затоа ги отфрламе сите обвинувања кои се упатени на наша адреса и се надеваме дека во иднина пред да се објави некоја вест без разлика колку и да е трогателна, прво ќе се испита и провери нејзината веродостојност, што не беше случај и сега. 

 

 

 29.01.2019 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree