Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општина Гази Баба и ЦИВИЛ во заеднички проект за превенција на насилниот екстремизам и негова радикализација

 

Општина Гази Баба потпиша меморандум за соработка со граѓанската организација ЦИВИЛ во насока на соработка за едукација и превенција на населението од радикализација на насилен екстремизам.

Со овој меморандум двете страни ќе соработуваат во насока на лоцирање и навремено превенирање на сите појави кои би довеле до евентуална радикализација и насилен екстремизам.

Градоначалникот Георгиевски на потпишувањето на меморандумот посочи дека општина Гази Баба вложува многу во делот на превенција.

„Општина Гази Баба заедно со МВР и ОБСЕ вложува голема енергија во насока на поголема превенција. Отворените две канцеларии за превенција во Стајковци и Синѓелиќ даваат добри резултати. Во таа насока заедно со ЦИВИЛ сега го започнуваме и овој проект за лоцирање на можните причини, но и навремено превенирање на редикализација и екстремизам, како и едукација на населението.“ – истакна градоначалникот Георгиевски во своето обраќање.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала истакна дека овој меморандум со општина Гази Баба нема да остане само на хартија, туку ќе е целосно имплементиран, за што е голем оптимист.

„Општина Гази Баба е отворена за соработка и тоа ми дава надеж дека овој меморандум ќе живее и ќе го даде својот краен ефект. Благодарни сме што во така краток период од општината добивме максимална поддршка за овој проект. Само заедницата која вложува многу во превенција на безбедноста е добара и успешна заедница.“ – посочи претседателот на ЦИВИЛ Дерала.


 

05.12.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree