Подготовка на WEB ГИС Апликација за поддршка на стратешко планирање во Општина Гази Баба
Општина Гази Баба започна со обуки на вработените кои наскоро ќе ја користат ВЕБ ГИС апликацијата за автоматско генерирање на изводи од план согласно законските рамки со сите потребни информации и атрибути за една градежна парцела.
ВЕБ ГИС апликацијата “Мап Навигатор” ги опфаќа сите важечки планови на територијата на општината и овозможува транспарентност кон граѓаните со јавниот приказ на постоечките ДУП-ови како и модул за спуштање на податоци за истите. Имено, секој заинтересиран граѓанин, инвеститори и геодетска компанија за изработка на елаборати, може преку ВЕБ ГИС интернет апликацијата да ја добие градежната парцела и објектот за градба во сразмерен CAD формат. Апликацијата овозможува автоматско известување на граѓаните преку е-маил за активностите на Општината во секторот за Урбанизам (промена на ДУП, е-аукција за градежно земјиште, јавна анкета, одобрение за градба, итн), и Комунално (санација на улица, нови тротоари, промена на улично осветлување, итн).
Обуката успешно ја изведе претставник на компанијата Intelligent Network Solutions од Скопје, кој ги запозна вработените и со актуелните трендови во креирањето различните бази на податоци, кои значајно можат да го променат и подобрат работењето на Општината, и навремено да ги информираат граѓаните за активностите во урбанистичкиот сегмент.
08.02.2019