Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Преку акцијата “Сите под еден чадор” општина Гази Габа доби донација – дидактички материјали наменети за градинката “25 Мај”

 Гази Баба е првата општина која доби донација од хуманитарниот настан кој се спроведе под мотото “Сите под еден чадор”, во ресторанот Unbrella, во организација на Дирекција за заштита и спасување и Филозофскиот факултет.

Со собраните средства, беа набавени дидактички материјали за работа со деца  со посебни потреби во градинките. 

По тој повод, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски и деканот на Филозофски факултет, проф. д-р Ратко Дуев, денеска ја посетија градинката “25 Мај”, објект Сонце, лоцирана во Ченто и им ги предадоа материјалите. 

Георгиевски се заблагодари што токму неговата општина ја доби донацијата која ќе биде од големо значење за оваа градинка и која ќе им ја олесниме работата на учителките и негувателките со децата со посебни потреби.

Градоначалникот посочи дека општина Гази Баба интензивно работи на решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат родителите, недостатокот од капацитет во детските градинките, со што чекаат и со месеци за запишување на децата. 

  • Во изминатиот период веќе реконструиравме 2 детски градинки каде што дополнително обезбедивме за 220 деца да бидат сместени, потоа започнавме со изградба на целосно нова градинка во Стајковци, каде ќе се згрижат вкупно 140 деца. А во текот на оваа година, општина Гази Баба ќе започне и постапка за подготовка на проектна документација за изградба на сосема нови објекти во Трубарево, Синѓелиќ, Ќерамидница и Инџиково, кои ќе се реализираат во иднина. Со ова се решава проблемот со сместувачкиот капацитет во детските градинки во општина Гази Баба, со што листата на чекање, ќе стане минато, посочи Георгиевски.

 

 06.02.2019 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree