Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Со блокадата на програмата за градежно земјиште советниците на ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на закон, го оневозможуваат развојот на општината

Почитувани граѓани,

Дозволете да Ве известиме дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Гази Баба го продолжува деструктивното однесување, како што тоа го правеше изминатите 21 година и продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните.

Покрај блокирањето за изградбата на фекалната канализација во Јурумлери, со последната одлука да не гласаат ЗА Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија со која е предвиден приход од 9.000.000 ЕВРА, советниците на ВМРО ДПМНЕ го оневозможуваат развојот на општината.

Парите од продажба на градежното земјиште се приход на Општината, кој директно се враќа кај граѓаните преку инвестиции во инфраструктурни објекти.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Гази Баба, спротивно на Законот за градежно земјиште не дозволија да биде донесена Програмата.

Побараа одговор од Министерството за транспорт и врски за работи кои се јасно дефинирани во самиот Закон.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ требале да знаат дека Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија е стапена на сила на ден 11.03.2017 година и е со важност од една година од објавувањето.

Брзата реакција на општинската администрација и брзиот одговор на министерството за транспорт и врски се потврди дека општина Гази Баба постои за граѓаните, а не за една група на корумпирани политичари без никаква визија.

Градоначалникот и општинската администрација работи во интерес на граѓаните, јавно и транспарентно и согласно законите на Република Македонија.

Ве уверувам дека расипничкото и не одговорно однесување на советниците од ВМРО ДПМНЕ нема да влијае на развојот на Општината и реализацијата на планираните капитални инвестиции за доброто на граѓаните.

08.02.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree