Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Со помош на светски експерти се гради вакуум канализацијата во Јурумлери, прва во земјава

 

     

Во консултација со светски експерти се реализира изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со експертите Nigel Smith од Англија, Fabry Gyogy од Унгарија, Simon Lazos од Романија и Дејан Ѓуровиќ од Србија за вакуум мрежи од Англија, Романија, Унгарија и Србија, кои имаат работно искуство над 30 години во оваа област направија увид при поставувањето на приклучоци за вакуум мрежата во Јурумлери.

Експертите  имаа можност на лице место да видат како се одвиваат работните активности и посочија дека сме на прав пат успешно да го реализираме овој проект кој ќе реши проблем на голем број на граѓани.

  • Среќни сме што сме тука, во Јурумлери и што ќе можеме да ви го пренесеме нашето знаење, кое го користат ширум светот. Успешно ја вршите работата досега која воопшто не е лесна и на прав пат сте успешно да го реализирате овој проект кој ќе реши проблем на голем број на граѓани. Ви посакуваме успешна реализација до самиот крај на првата вакуум канализација во вашата земја, посочија експертите.

Градоначалникот Георгиевски им се заблагодари што се вклучуваат во овој проект и посочи дека изградбата на вакуум канализацијата ќе се реализира во неколку фази, а веќе напредува изведбата на првата фаза.

Наша цел е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациски инсталации и шахти. Со овој проект жителите на Јурумлери и околината конечно добиваат современи услови за живот какви што заслужуваат, а септичките јами ќе станат минато, рече Георгиевски

20.09.2019 

Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree