Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Спортско игралиште “Фортуна” ќе добие сосема ново осветлување

Гази Баба и во новата 2019 година продолжува со капитални проекти кои ќе бидат од големо значење за младите во нашата општина.

Спортското игралиште “Фортуна” кое беше сосема уништено по поплавата во 2016 година е целосно реконструирано со тревни површини. Поставуваме ново осветлување, со што спортистите ќе добијат соодветни услови за тренинзи и во ноќните часови и тоа токму кога се одбележуваат 100 години од постоењето на ФК “Фортуна” коj е еден од најстарите клубови во Македонија.

Ќе бидат поставени 24 рефлектори, распоредени на 6 столбови со височина од 18 метри. Ваквата поставеност на осветлувањето, ќе овозможи лесна достапност и нивно одржување.

Системот за рефлекторско осветлување ќе биде компјутеризиран и модернизиран. На едноставен начин ќе може да се поставуваат различни светлосни сценарија, зависно од видот на спортските активности - како на пример за ноќен натпревар во лигата, за тренинг на цел терен, за тренинг на половина терен, за одржување на теренот и слично.

Ќе се користи извор на светлост кој според светлосната ефикасност е еднаков и подобар од ЛЕД изворите. Специјално конструирани за осветлување на спортски терени, овие рефлектори ќе обезбедат соодветна боја на светлоста. Со новото осветлување ќе се постигне значителна заштеда на електрична енергија.

Нашата цел е спортското игралиште “Фортуна” повторно да стане збиралиште на сите љубители на спортот од овој регион на општина Гази Баба, а кои ќе ги задоволува сите потреби на современ спортски терен со трибини.  

И оваа година ќе продолжиме со поставување на вештачка трева на спортски игралишта, ќе градиме сосема нови терени, како и затворен базен со цел Гази Баба да биде расадник на спортот и деца со здрави навики, чија преокупација во ова модерно време ќе биде фудбалот, кошарката, тенисот, одбојката и други спортови, наместо залудно потрошено време пред паметните уреди. 

 

 

Линк од Youtube Спортско игралиште “Фортуна” ќе добие сосема ново осветлување.


 

 09.01.2019


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree