Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

По 11 пат се реализираше хуманитарната манифестација Пивтијада во Автокоманда

 

Општина Гази Баба ја продолжува традицијата за организација на хуманитарна манифестацијата “Пивтијада”. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски го отвори настанот кој се реализира по 11 пат, по повод празникот Богојавление Господово – Водици, на плоштадот Автокоманда.

  • На едно место се собраа членките на организација на жени Гази Баба, месните заедници од општината и Здружението на пензионери од Гази Баба заедно со посетителите, настан кој од година во година е се попосетена. Целион настан беше проследен со настап на музички ѕвезди од македонската естрада, рече Георгиевски.

За креаторите на најдобро декорираните пивтии, добија награди.

Градоначалникот пред присутните посочи дека е особено среќен што и оваа година сите собрани средства од продажбата на пивтии ќе се донираат за потребите на Детска клиника.

  • Ви посакувам убав провод и повикувам што повеќе граѓани да ја посетат оваа манифестација, со цел што повеќе средства да се соберат кои ќе помогнат во работењето на Детската клиника, а кои ќе бидат од полза за децата кои се лекуваат таму, посочи Георгиевски.

Со собраните средства ќе бидат набавени инхалатори за Детската клиника. 

Георгиевски ги посети и членовите на Здружението на пензионери од општина Гази Баба по подов денешниот празник.

Линк од Youtube По 11 пат се реализираше хуманитарната манифестација Пивтијада во Автокоманда.


 

 19.01.2019 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree