|
ПРАЗНИЧНА ЧЕСТИТКА
|

Почитувани сограѓани, жители на општина Гази Баба, изминува уште една календраска година, година во која заедно учествувавме во решавање на голем дел од нашите заеднички проекти. Во иднина ќе продолжиме со реализација на преостанатите, во насока на подобрување на условите за живеење. Пред нас е новата 2011 год., година со нови предизвици и во која можам да Ви најавам реализација на голем број на активности во сите населени места, односно општина Гази Баба ќе биде едно големо градилиште. Доказ за тоа се веќе неколкуте капитални инвестиции кои се реализираат на наша територија. Ве повикувам заедно да зачекориме во новата 2011 година и заедно да учествуваме во градењето на современа, модерна и европска општина. Ви посакувам многу здравје, среќа и радост во вашите домови. Среќна Нова Година и среќни Божиќни празници.
Градоначалник
Тони Трајковски
|
|