|
Во
среда, 19.01.2011, од 13.00 до 15.00 часот на плоштадот на општина Гази Баба во
населбата Автокоманда ќе се организира Манифестацијата ПИВТИЈАДА 2011, по повод
големиот верски празник Богојавление – ВОДИЦИ.
Оваа манифестација е во организација на општина Гази Баба и Организацијата на
жени од Гази Баба, а учество ќе земат сите урбани и месни заедници, како и
рестораните кои се наоѓаат на територијата на Општината.
Оваа Мнифестација има хуманитарен и продажен карактер, а најдобро украсените
пивтии ќе бидат и наградени.
Средствата собрани од продажбата на пивтиите ќе бидат наменети за хуманитарни
цели.
Манифестацијата е од отворен карактер, а за секој посетител се обезбедени топли
напитоци.
|
|