Дома Во Фокус Во Фокус Соопштение - јавна презентација
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)


УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ЛОКАЛИТЕТ
ЗАОБИКОЛНИЦА ОД КЛУЧКА ХИПОДРОМ - ДО КЛУЧКА СИНГЕЛИЌ
БЛОК 15
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА - СКОПЈЕ


 

 

 

СООПШТЕНИЕ

 

 

Врз основа на член 24, став 1,2 и 4 од Законот за просторно и уранистичко планирање (“Службен весник на РМ” бр.51/05,137/07, 91/09 и 124/10) во просториите на Општина Гази Баба барака 8 (голема сала) - Скопје се организира Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт Урбанистички план вон населено место за локалитет Заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ” - Блок 15 Општина Гази Баба - Скопје.

Јавната презентација која преставува стручно презентирање на планот ќе се одржи на 12.01.2011 година (среда) со почеток во 12,00 часот, во просториите на Општина Гази Баба барака 8 (голема сала)

Јавната Анкета ќе се спроведе со излагање на Деталениот урбанистички план во просториите на Општина Гази Баба барака 8 (голема сала)

Јавната Анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението во јавно гласило т.е. од 12.01.2011година до 26.01.2011година. 

Во одредениот рок граѓаните и правни лица можат да достават писмени забелешки, мислења и сугестии на Анкетните листи во просториите на Општина Гази Баба барака 8 (голема сала).

Планот е истакнат во просториите на Општина Гази Баба барака 8 (голема сала) каде има дежурни активисти во времето од 08,30 до 16,00 часот за прибирање на забелешки на Анкетните листови.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Градоначалник,
Тони Трајковски

 

 

 


 

 

Врз основа на член 24, став 2, 4, 5, 6 и 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” број 51/05,137/07,91/09 и 124/10), Градоначалникот на Општината Гази Баба, го дава следното

 

 

СООПШТЕНИЕ

 

 

Се известуваат граѓаните и правните лица од просторот опфатен со Урбанистичкиот план вон населено место за локалитет Заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ” Блок 15 Општина Гази Баба - Скопје, дека Градоначалникот на Општината Гази Баба донесе Одлука за организирање

 

 

ЈАВНА ПРЕЗАНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

 

По Нацртот на Урбанистички план вон населено место за локалитет Заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ” - Блок 15 Општина Гази Баба– Скопје, кој опфаќа простор од 12,08ха, утврден од Советот на Општина Гази Баба со следните граници:

  • Од Северо-исток: граница на КП 925 КО Брњарци
  • Од Југо-исток: граница на КП 925 КО Брњарци
  • Од Северо-запад: осовина на регионален пат Р103
  • Од Југо-запад: граница на Блок 8 (КП 217/1, КП 217/2, КП 217/3 КО Сингелиќ)

 

Основна класа на намена на просторот во опфатот е:

  • Г2 - лесна и незагадувачка индустрија
  • Г3 - сервиси
  • Г4 - стоваришта
  • Е2 – терминал

 

Компатибилна класа на намена макс.30% од основната класа на намена е:

  • Б1 - мали комерцијални и деловни намени
  • Б2 – големи трговски единици
  • Б4 – деловни дејности
  • Д2 – заштитно зеленило
  • Д4 – меморијални простори (мах. 15%)

 

Нацртот на Урбанистички план вон населено место за локалитет Заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ” – Блок 15 Општина Гази Баба - Скопје, ќе биде изложен во просториите на Општина Гази Баба (барака 8 голема сала) во рок од 10 работни дена од денот на објавувањето на ова Соопштение, секој работен ден од  8,30 – 16,30 часот.

 

Јавната презентација на Нацрт Урбанистички план вон населено место за локалитет Заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ” Блок 15 Општина Гази Баба – Скопје,  ќе се одржи на ден 12.01.2011 година (среда) со почеток во 12,00 часот во просториите на  Општина Гази Баба (барака 8 голема сала).

 

Анкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Општина Гази Баба (барака 8 голема сала).

 

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

 

Број___________
од ____________ 2011год.
Скопје
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Градоначалник
Тони Трајковски

 


12.01.2011

 
Известување
Понеделник, 23 Јануари 2012

Повеќе...
Честитки до нашите кошаркари
Понеделник, 19 Септември 2011

Повеќе...
КОНКУРС
Петок, 05 Август 2011

Повеќе...
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК
Понеделник, 01 Август 2011

Повеќе...
СООПШТЕНИЕ
Среда, 13 Јули 2011

Повеќе...
Велигденска честитка
Четврток, 21 Април 2011

Повеќе...
Пивтијада 2011
Четврток, 13 Јануари 2011

Повеќе...
ЧЕСТИТ БОЖИК
Среда, 05 Јануари 2011

Повеќе...
ПРАЗНИЧНА ЧЕСТИТКА
Понеделник, 27 Декември 2010

Повеќе...
ЧЕСТИТКА ЗА БОЖИЌ
Петок, 24 Декември 2010

Повеќе...
Новогодишно украсување
Понеделник, 13 Декември 2010

Повеќе...
Јавен повик
Четврток, 11 Ноември 2010

Повеќе...
Нова веб страна на ОГБ
Вторник, 02 Ноември 2010

Повеќе...
Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;