|
Програма за имплементација на индустриска политика во РМ за 2011г.
|
Почитувани,
Ве известуваме дека на предлог на Министерството за економија, Владата на Република Македонија на седницата одржана на 5.01.2011 година ја усвои
Програмата за имплементација на индустриската политика во Република Македонија за 2011 година ( Сл весник на РМ бр 04/11)
Согласно Програмата Министерството за економија ќе надоместува дел од трошоците на деловните субјекти за следните намени:
- зајакнување на капацитетите и за развој и имплементација на проекти за создавање на конкурентни производи
- развој на пазарот
- технолошки развој
- обуки за еколошко производство
- вработување на млади истражувачи
- комерцијализација на патентирани иновации
Во прилог Ви се доставува Програмата за имплементација на индустриската политика во Република Македонија за 2011 година, Јавниот повик и формулари -пријава и барање кои се достапни на ВЕБ страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk
Министерство за економија, Сектор индустриска политика Контакт: Славица Петрушевска, тел 3 093 466 Јасмина Мајстороска, тел 3 093 492
|
|