|

Врз основа на член 24, став 2, 4, 5, 6 и 11 од Законот за просторно и
урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” број 51/05,137/07 и 91/09),
Градоначалникот на Општината Гази Баба, го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните , правните лица од просторот опфатен со планот за
Спортско рекреативен центар “Железара” - Општина Гази Баба, Скопје, државната
управа, научните и стручните организации, дека Градоначалникот на Општината Гази
Баба донесе Одлука за организирање
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗАНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацртот на Деталниот урбанистички план за Спортско рекреативен центар
“Железара” – Општина Гази Баба - Скопје, кој опфаќа простор од
15.04 ха, утврден од Советот на Општина Гази Баба со следните граници:
| Од Североисток: |
- осовина на ул “1” и дел од осовина на ул.”Коце Металец” |
| Од Југоисток: |
-осовина на ул.”16-та Македонска Бригада” и планирана ул.”Кружна
Гази Баба” |
| Од Северозапад: |
-по граница на парк шума Гази Баба, согласно ГУП на град Скопје |
Основна класа на намена на планираниот опфат е:
-
Д3 – спорт и рекреација
-
В2 – здравство
Компатибилна класа на намена на основната класа на намена е:
-
А4 - времено сместување
-
Б1 - мали комерцијални и деловни намени
-
Б2 - големи трговски единици
-
Б3 - големи угостителски единици
-
Б4 - деловни дејности
-
Б6 - градби за собири
Нацртот на Деталниот урбанистички план за Спортско рекреативен центар
“Железара”- Општина Гази Баба - Скопје, ќе биде изложен во просториите на
Урбаната заедница “Железара”, во рок од 10 работни дена од денот на објавувањето
на ова соопштение, секој работен ден од 8,00 – 16,00 часот.
Повторната Јавната презентација на Нацрт Деталниот урбанистички план за Спортско
рекреативен центар “Железара” Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден
14.02.2011година (понеделник) со почеток во 12,00 часот во просториите на
Општина Гази Баба – барака 8 (голема сала).
Анкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на
Урбаната заедница “Железара”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица ,државната
управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и
мислења на Анкетните листови.
|
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Градоначалник,
Тони Трајковски |
|