|

Почитувани сограѓани, во насока на побрзо и поефикасно разрешување на проблемите со кои се соочувате, го пуштивме во функција новиот софтверски систем е-Општина - пријави проблем.
Апликацијата е донација на USAID и обезбедува побрза и пофункционална комуникација на релација граѓанин - општина - граѓанин.
Со вашите конструктивни забелешки и логистичка подршка во лоцирањето на проблемите во вашите населени места, обезбедуваме повисоко ниво и квалитет на општинските услуги и активности.
Сите ваши прашања можете да ги процесоирате преку различни подрачја на активности за кои е надлежна општината.
Надлежните сектори во општината, во најкраток рок одговараат на сите ваши конструктивни прашања.
Прашањата и одговорите се транспарентно презентирани на web апликацијата – пријави проблем.

|
|