|
Манифестација Големата Мајка
|

Општина Гази Баба и градот Скопје, на 8 мај (недела) во 12,00 часот на локалитетот Тумба Маџари во н. Ченто, организираат манифестација “Големата Мајка”.
Во рамките на Манифестацијата ќе биде промовирана книгата збирка песни “Големата Мајка”, подготвена од поетот Ефтим Клетников, каде се собрани песни од педесетина македонски поети и поетеси кои ја опеале Големата Мајка, женскиот принцип кој ги обединува животот, топлината, нежноста, плодноста и хармонијата на постоењето.
Манифестацијата ќе ја отворат Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
|
|