Дома Во Фокус Во Фокус Цвеќето и зеленилото во нашата општин...
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Цвеќето и зеленилото во нашата општина


И оваа година по петтипат Општина Гази Баба во соработка со Организацијата на жени на општина Гази Баба организира акција за избирање на најубаво уреден двор (градина), најубаво уреден балкон, најубаво уредено блоковско зеленило и најубаво уреден двор на комерцијален и јавен објект. Овој проект е логично продолжение на минатогодишните успешно реализирани проекти за избирање и награда на најубаво уредените зелени и цветни композиции.

 

Во рамките на проектот ќе се организираат и акции за садење на цвеќиња на јавните површини на територија на Општина Гази Баба. Планирани се акции каде вештите раце на членките на Организацијата на жени на Општина Гази Баба заедно со вработените во Општина Гази Баба цветно ќе уредат две локации. Во изминатите проекти се одржаа трибини за едукација за садење и одржување на цветни и зелени површини, а годинава стекнатото знаење ке се преточи во дело.

 

Жителите на Општина Гази Баба може да ги пријават своите зелени композиции на наградниот конкурс за избирање на Најубаво уредена градина, балкон, блоковско зеленило и зеленило на деловен објект во Општина Гази Баба. Заинтересираните може да се пријават најдоцна до 30 Јуни, 2011 година во Општина Гази Баба, на бесплатниот телефон 0800 4 22 22 или со порака на мобилниот телефон 072 20 82 84. Изборот ќе го врши стручна комисија, а наградите ќе бидат доделени во текот на месец јули.

 

Општина Гази Баба се надева дека со вакви проекти во голема мера ќе го поттикне креативниот дух и ќе го мотивира населението да ја озелени и обои својата животна средина, а со тоа и ќе се разубави и општината.






 
Известување
Понеделник, 23 Јануари 2012

Повеќе...
Честитки до нашите кошаркари
Понеделник, 19 Септември 2011

Повеќе...
КОНКУРС
Петок, 05 Август 2011

Повеќе...
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК
Понеделник, 01 Август 2011

Повеќе...
СООПШТЕНИЕ
Среда, 13 Јули 2011

Повеќе...
Велигденска честитка
Четврток, 21 Април 2011

Повеќе...
Пивтијада 2011
Четврток, 13 Јануари 2011

Повеќе...
ЧЕСТИТ БОЖИК
Среда, 05 Јануари 2011

Повеќе...
ПРАЗНИЧНА ЧЕСТИТКА
Понеделник, 27 Декември 2010

Повеќе...
ЧЕСТИТКА ЗА БОЖИЌ
Петок, 24 Декември 2010

Повеќе...
Новогодишно украсување
Понеделник, 13 Декември 2010

Повеќе...
Јавен повик
Четврток, 11 Ноември 2010

Повеќе...
Нова веб страна на ОГБ
Вторник, 02 Ноември 2010

Повеќе...
Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;