КОНКУРС



ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Градоначалникот на општина Гази Баба распишува

КОНКУРС

за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на општина Гази Баба за 2012 година за финансирање на проекти на здруженија на граѓани и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на општина Гази Баба за финансирање на проекти на здруженијата на граѓани и фондации од локален интерес, ќе се врши врз основа на овој Конкурс, за следниве области: граѓанско општество и демократизација, човекови права, култура, здравство, социјално-хуманитарна работа, информации, спорт, млади, образование, екологија и меѓународна соработка.

1. Учество

На конкурсот може да учествуваат здруженија на граѓани и фондации чие регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба.

2. Потребна документација

Здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на Конкурсот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации,

  2. Проектна пријава на здруженија на граѓани и фондации,

  3. Статут и доказ за регистрација на здружението на граѓани и фондацијата во надлежниот орган, и

  4. Извештај за добиените средства од општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.

Нема да бидат разгледани пријавите: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложените документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации и Проектната пријава на здруженија на граѓани и фондации објавени се на веб-страницата на општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.

3. Рок и начин за пријавување

Пријавите треба да се достават до општина Гази Баба преку пошта на адреса „Општина Гази Баба, Булевар „Александар Македонски“ бб, Скопје“ или со предавање во писарницата на општина Гази Баба од 08 часот до најдоцна заклучно со 16 часот последниот ден од Конкурсот.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 5 август 2011 година и трае 30 дена, заклучно со 4 септември 2011 година.

Здруженијата на граѓани и фондации кои учествувале на Конкурсот ќе бидат известени за резултатите од изборот на проектите по објавуавњето на Програмата за распределба на средствата во „Службен гласник на општина Гази Баба“ и на веб-страницата на општина Гази Баба.

4. Извештај за добиените средства

По завршувањето на проектот секое здружението на граѓани и фондација кои добиле средства од Буџетот на општина Гази Баба, должни се да достават извештај за користењето на средствата до градоначалникот на општината.



 

 

ПРИЈАВА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ
ПРОЕКТНА ПРИЈАВА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ
 


 


 

 
Известување
Понеделник, 23 Јануари 2012

Повеќе...
Честитки до нашите кошаркари
Понеделник, 19 Септември 2011

Повеќе...
КОНКУРС
Петок, 05 Август 2011

Повеќе...
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК
Понеделник, 01 Август 2011

Повеќе...
СООПШТЕНИЕ
Среда, 13 Јули 2011

Повеќе...
Велигденска честитка
Четврток, 21 Април 2011

Повеќе...
Пивтијада 2011
Четврток, 13 Јануари 2011

Повеќе...
ЧЕСТИТ БОЖИК
Среда, 05 Јануари 2011

Повеќе...
ПРАЗНИЧНА ЧЕСТИТКА
Понеделник, 27 Декември 2010

Повеќе...
ЧЕСТИТКА ЗА БОЖИЌ
Петок, 24 Декември 2010

Повеќе...
Новогодишно украсување
Понеделник, 13 Декември 2010

Повеќе...
Јавен повик
Четврток, 11 Ноември 2010

Повеќе...
Нова веб страна на ОГБ
Вторник, 02 Ноември 2010

Повеќе...
Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;