|
Општина Гази Баба ќе работи и за празниците
|

Поради зголемениот интерес на граѓаните и наближувањето на крајниот рок, 3
септември 2011 година, за поднесување на барања за легализација на бесправно
изградени објекти, архивата на Општина Гази Баба до 3.09.2011 год. ќе работи
секој работен ден во две смени и тоа:
-
прва смена од 08,00 до 14,00 часот
-
втора смена од 14,00 до 20,00 часот
Архивата ќе работи и во саботите на 27.08.2011 година и 03.09.2011 година во
периодот од 08,00 до 14,00 часот, а во недела 28.08.2011 год. и вторник
30.08.2011 год. двократно, од 9,00 до 12,00 ч. и од 17,00 ч. до 20,00 ч.
До 27.08.2011 год. во општина Гази Баба има поднесено 11.700 барања за
легализација на бесправно изградени објекти.
|
|