|
Нова комуникација со општина Гази Баба
|
Почитувани граѓани,
За поефикасно и побрзо информирање и решавање на постоечките
проблеми, од денес 12.12.2011 година го ставивме во функција мобилниот
телефонски број 070/254-772 на кој ќе можете да испраќате смс пораки.
Преку пораките можете да барате информација од службите во
општината, да пријавувате проблеми, да давате предлози, сугестии.
Барањата во пораките кои што ќе бидат во надлежност на
општината, ќе се проследат .до надлежните сектори, со цел изнаоѓање на решенија
на посочените проблеми.
|
|