|
Општина Гази Баба ги поканува невработените лица од општината на обука
“Самостоен маркетинг за вработување и генерирање на идеи за започнување на
сопствен бизнис”, која има за цел да им помогне како полесно да најдат работа,
преку подобрување на вештините за поуспешен настап на интервју за работа и како
да ги развијат идеите за започнување на сопствен бизнис.
Обуката е наменета за студенти, млади невработени лица, лица кои претходно
работеле, но сега се без работа и лица кои сакаат да се унапредат во кариерата.
Обуката вклучува интерактивни предавања на тема за унапредување на вештините на
комуницирање, изработка на личен акционен план за развој, како да се подготвите
за интервју за работа, најчести грешки при интервјуата за работа, изработка на
професионално CV и мотивационо писмо, вежби, симулации за започнување на
сопствен бизнис и др.
Обуката ќе се одржи во понеделник, 30.01.2012 година од 14.00-18.00 часот во
големата сала во општина Гази Баба, барака бр.8.
Обуката е бесплатна и бројот на учесниците е ограничен. Секој учесник ќе добие
сертификат од обуката кој може да го приложи во своето CV.
Сите заинтересирани што сакаат да земат учество на оваа обука, ги молиме да се
пријават на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
, најдоцна до петок 20.01.2012 година.
|