| Нова веб страна на ОГБ |
|
Почитувани сограѓани, Стартувајќи од 01 Ноември 2010г., ОГБ ја пушти во функција својата нова веб страна. Истата претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите активности, настани, документи, информации. Основната идеја во креирањето на новата страна беше создавање и пласирање на јасна, прецизна, конкретна, транспарентна, визуелна и отчетна информација во функција на создавање на додадена вредност за сите нејзини корисници. Се надеваме дека новиот дизајн и концепт на нашата нова веб страна ќе наиде на позитивен одговор од ваша страна. Целта е да се обезбеди побрз, поквалитетен и интерактивен проток на информациите помеѓу ОГБ и сите заинтересирани субјекти – граѓаните, компаниите, институциите, НВО, инвеститорит. Исто така очекуваме и вие со вашите предлози и сугестии да ни помогнете во унапредување на сите содржини, дизајни и функционалности на новата веб страна на ОГБ. Ве покануваме на постојано следење на сите информации и активности на ОГБ преку нашиот нов веб портал, како и на активно предлагање и доставување на сите барања, констатирани проблеми преку комуникациските можности кои ви ги нуди новата веб страна на ОГБ. Нека ни е честит денот на Општината, 3-ти Ноември. 2010-11-02
|
Понеделник, 16 Јануари 2012
Повеќе...



