|
Општина Гази Баба традиционално и оваа година избира најубаво новогодишно
украсени двор, балкон, простор пред зграда (куќен совет), простор пред деловен
објект, училиште и градинка.
Сите заинтересирани може да се пријават на бесплатниот телефонски број 0800
42222, на телефонот 02/3226 655, или лично на шалтер на едношалтерскиот систем
во општина Гази Баба.
Краен рок за пријавување е 24.12.2010 год. (петок), а Комисијата ќе ги посети
пријавените на 27 и 28. 12. 2010 год.
За најкреативните, општината обезбеди награди кои ќе се доделуваат на 30.12.2010
год.
|
|