Основното училиште „Кирил и Методиј“ - с. Стајковци е воспитно-образовна институција а воедно иорганизациона единица на Општина Гази Баба - Скопје. ОУ „Кирил и Методиј“ како самостојно училиште работи од учебната 1984/85 год., а дотогаш училиштето работело како подрачно на ОУ „25 Мај“ - Синѓелиќ.
Со проширување на објектот, како и со зголемување на бројот на паралелките, се создадени услови за самостојно училиште, каде во состав на училиштето припаѓа и подрачното училиште од с. Страчинци, во кое наставата се изведува на албански наставен јазик. Поради просторните услови, ОУ „Кирил и Методиј“ - с. Стајковци, како и ПУ Страчинци, работат во две смени.
ОУ „Кирил и Методиј“ - с. Стајковци се наоѓа на североисточниот дел на градот Скопје, на територија на Општина Гази Баба.
Патронен празник:
24 Мај
Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб, +389 (0)2 322 66 55