|
Училиште:
|
ОУ „Крум Тошев"
|
|
Урбана заедница:
|
Гази Баба
|
|
Адреса:
|
ул „Вера Јоциќ“ бб. Трубарево
|
|
Телефон:
|
02/2557-443
|
|
E-mail:
|
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|
|
Директор:
|
Игор Китановски (контакт 070/255-827)
|
|
Кратка биографија:
|
ОУ „Крум Тошев” е изградено во далечната 1959 година и работи како подрачно
училиште на ОУ„Вера Јоциќ”, а од 1986/87 год. работи како самостојно основно
училиште. Во периодот од 1959 год. до денес е на неколку пати проширувано и
доградувано. Училишната зграда е лоцирана на ул „Вера Јоциќ” бб. во централниот
дел на н.м. Трубарево и претставува современ градежен објект од цврста градба
која наполно одговара на својата намена. Функцијата како современ објект ја
надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште „Крум Тошев”, ја опфаќа територијата
на н.м. Трубарево, н.м. Ергеле и дел од н.м. Скопско поле.
Училиштето располага со 1022м² училишен простор и 3000м² училишен двор.
Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 351 ученик
распоредени во 18 паралелки за кој се ангажирани 33 вработени. Наставата се
изведува во две смени. |
|
Патронен празник:
|
29 Февруари
|
|