|
Училиште:
|
ОУ„Стив Наумов“
|
|
Урбана заедница:
|
Гази Баба
|
|
Адреса:
|
ул „Лазар Поп Трајков“ бр.28
|
|
Телефон:
|
02/3174006
|
|
E-mail:
|
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|
|
Директор:
|
Панева Елена (072/206-689)
|
|
Кратка биографија:
|
Развојниот пат на училиштето „Стив Наумов” може да се каже дека минува низ четири етапи и тоа : првата од 1948 - 1955 година, втората 1955 - 1963 година,третата од 1963 - 1991 година, четвртата 1991 година па до денес.
Училиштето е лоцирано на ул „Лазар Поп Трајков” бр.28 и претставува современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште „Стив Наумов”, Скопје, ја опфаќа територијата на урбаната заедница Автокоманда, Керамидница, Триангла и почетокот на Маџари.
Училиштето располага со 5000 м2 училишен простор и 10 000 м2 училишен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 864 ученика распоредени во 34 паралелки за која се ангажирани 68 вработени во една и половина смена. Училиштето организира и продолжен престој и целодневна настава за своите ученици.
|
|
Патронен празник:
|
26 октомври
|
|