ОУ Вера Јоциќ

Контакт за Обрзование, Училишта и Спорт

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 322 66 55
E: obrazovanie@gazibaba.gov.mk

Училиште:

ОУ„Вера Јоциќ“

Урбана заедница:

Гази Баба

Адреса:

ул „Берска“ бб

Телефон:

02/ 2522-452

E-mail:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Директор:

Лилјана Малковска Крстевска 070-230-475

Кратка биографија:

 

Основното училиште ,, Вера Јоциќ,, се наоѓа на самиот влез на нашиот главен град во населба Хиподром, општина Гази Баба.

Училиштето започна со работа во далечната 1975 година на 22 март. Името го доби по народниот херој Вера Јоциќ, која својот млад живот и своите идеали ги даде за правата на македонскиот народ.

Оваа учебна 2009/2010 година, училиштето го посетуваат 499 ученици од прво до осмо одделение. Од учебна 2006/07 година основното училиште прерасна во деветолетка.

Училиштето располага со 22 училници од кои 12 кабинети, фискултурна сала и канцеларии со површина од 2855 м2 a затоплувањето се изведува со градско парно греење. Дворната површина на училиштето е 8620 м2 на која има терени за кошарка, ракомет, мал фудбал и катче за забава за мали деца.

Воспитно-образовната работа во училиштето ја реализираат 10 наставници во одделенска настава, 1 во дневен престој, 15 наставници во предметна настава, 1 библиотекар и 1 педагог.

Училиштето работи во една смена и дневен престој за учениците од прво до трето одд, и една група која е во меѓусмена.

Патронен празник:

20 Мај

 
Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;