Градинки
Дома Образование Проекти и манифестации со најмладите
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт за Социјална заштита и градинки

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 322 66 55
E: gradinki@gazibaba.gov.mk

„Детска Недела“

По повод ,,Детската Недела“ која се одбележува во првата недела од месец Октомври во детските градинки се организираат спортско забавни игри, работилници за заштита на правата на децата, хуманитарни акции, како и гостување на децата во други градинки.



“Мојата општина”

По повод одбележување на Денот на Општината, 03.11.2009, Градоначалникот во својот кабинет прими дваесетина дечиња кои имаа нацртано најдобри цртежи на тема Мојата општина и притоа им подари пригодни подароци.



„Денот на дрвото со најмладите“

Во детските градинки се организира засадување на садиците, проследено со едукативни игри и песнички со цел да се разбуди еколошката свет уште од најраната возраст кај дечињата.



„Еколошки пораки на хартиени кеси“

По повод Ден на екологијата во организација на ОГБ, а во соработка со поголемите маркети на територијата на општината, децата од ОУ и градинките пишуваат еколошки пораки на хартиени кеси за пакување производи, со цел подигање на еколошката свест кај населението.



„Македонско оро за најмладите“

Проектот се одвиваше во неколку фази и тоа:

  • • посета на ансаблот “Танец“; посета на етнолошкиот музеј;
  • • работилница со изработка на македонска носија од конец до готова носија,
  • • работилница со гостин - родител музичар на хармоника и презентација на македонските ора преку текст, песни, ора



„Велосипедски трки во Градинките“

По повод одбележувањето на 22 Април - Денот на планетата Земја во предучилишните установи на територија на Општина Гази Баба „Детска радост“ во објектот „Калинка“ во н. Железара и „25 Мај“ во објектот „Сонце“ н. Ченто се одржаа велосипедски трки.



„Здравствена едукација и давање на прва помош на децата во градинките“

Реализацијата на овие проекти се во соработка Црвен Крст на Општина Гази Баба, со цел децата кои престојуваат во градинките да се запознаат со основите на одржување на хигиена, стекнување на здрави навики, стекнување на пријателство, запознавање на основните поими за прва помош и друго.



„Сообраќајна култура на децата“

Проектот е во соработка со СВР Скопје, а наменет за децата од големите групи кои треба да се подготват за новата учебна година кога тие ќе бидат првачиња.

Целта на проектот е:

 

  • • подигнување на свеста на децата за безбедносно однесување во сообраќајот;
  • • препознавање на сообраќајните знаци;
  • • безбедно движење по тротарите и преминување преку улица;
  • • стекнување основни предзнаења за сообраќајот и сл

 






Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;