Контакт за Социјална заштита и градинки
Општина Гази Баба
1000 Скопје
T: +389 (0)2 322 66 55
E: gradinki@gazibaba.gov.mk
|
„Народна Кујна“ Во соработка со ПЕ на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи Гази Баба и Министерство за труд и социјална политика, во два пункта во Кино Маџари и Хангар Ченто се дели храна еднаш дневно на 200 корисници на социјална помош. „Инклузија на деца роми во детската градинка „25Мај“ објект Искра“ Во соработка со Министерство за труд и социјална политика и Ромски едукативен центар. Целта на овој проект е подобрување и поддршка на интеграцијата и намалување на запоставеноста на децата Роми со зголемување на нивниот број згрижени во јавните општински установи, една година пред поаѓање во основно образование. Целна група на проектот се деца Роми на воздраст од 4.8-5.7 годишна воздраст, со вкупен број од 19 деца. „Недела на солидарност“ На 04.06.2009 година Општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст на Гази Баба ја одбележаа традиционалната хуманитарна акција „Недела на солидарност“ под мотото „Вашиот прилог - значајна помош“ како и кампањата „За посреќно детство“. „Бесплатни прегледи за невработени“ ЈЗУ Институт за медицина на трудот на РМ, по проект на Владата на РМ, изврши бесплатни прегледи за невработени лица од подрачјето на Општина Гази Баба, при што добија бесплатно уверение, кое би им послужило при вработување. „Санација на дневниот центар за децата со посебни потреби“ Општина Гази Баба во соработка со СОЖМ спроведе акција за санација на Дневниот центар за децата со посебни потреби во населба Железара. |
|
|




