ЗА ГАЗИ БАБА
Дома За Гази Баба

 

Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

 

ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИИ

  • Ширина:41°42’ до 42°11’
  • Должина:18°45’ до 19°29’30”
  • Надморска височина:173 метри
  • Површина: 92km²

 

МЕТЕОРОЛОШКИ ПОДАТОЦИ

  • Средна годишна температура: 12,5°C
  • Минимална температура: -22,9°C
  • Максимална летна температура 42,4°C
  • Просечен број на денови со снежен покривач: 25
  • Просечен број облачни денови: 105,5
  • Ведри денови: 69
  • Денови кога се јавува магла: 72

 

ДЕМОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

  • Население: 72617
  • Густина:785 на км²
  • Број на компании: 5066
  • Населени места: 21

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Просечна цена за м² нов станбен простор: 700 – 1000 Евра
  • Просечна цена за м² нов деловен простор: 1500 – 2000 Евра

 

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

  • Број на градинки: 2 со 11 клонови
  • Основни училишта: 11
  • Средни училишта: 5
  • Приватно средно училиште: 1
  • Универзитети: 2
  • Студентски домови: 1

 

АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ, ВЕРСКИ И КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА

  • Археолошки локалитети: 10
  • Цркви: 14
  • Манастири: 1
  • Џамии: 2

Општина Гази Баба е формирана на 3 ноември 1976 година.

Местоположба:

Се наоѓа во северниот дел на Р. Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје. Поголемиот дел од територијата во централниот, југозападниот и јужниот дел (65% од вкупната територија) се наоѓа во рамница под обработлива површина со неколку височини, во северниот дел од општината кај паркот шума Гази Баба и во централниот дел во месноста Камник, и планински дел (Скопска Црна Гора) во источниот дел од општината.

Се граничи со скопските општините: на север со Бутел и Чаир, на запад со Центар и Аеродром, на југ со Илинден и Петровец, и на исток со Арачиново и Липково.

Пречникот на простирање на Општината исток-запад изнесува 10 км, а север-југ 15 км.

Клима:
Територијата на град Скопје, а во таа целина и на Општината Гази Баба е под влијание на два вида клима: изменета средоземна и умерено континентална. Таа ги предизвикува студените континентални и влажни зимски периоди како и топлите континентални и суви медитерански летни периоди.

Просечна годишна температура на воздухот изнесува +12,2°С. Минимална апсолутна годишна температура на воздухот изнесува -22,2°С, а максималната +40°С.

Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 70%.

Просечен годишен број на ведри денови е 70, а облачни денови 107.

Просечни годишни количини на врнежи 516,1 мм на метар квадратен, просечен годишен број на денови со врнежи 112, со магла 81 и со поледица 0,6.

Над територијата на град Скопје, а во тој контекст и на Општината Гази Баба, дуваат три ветрови: Повардарец, Југо и Ветерот од северо-запад.

Повардарецот дува од Шар Планина долж реката Вардар према јужните делови на Р. Македонија, преку лето е сув, а преку зима и есен е пратен со врнежи.

Ветерот Југо дува од обратен правец на ветерот Повардарец, тој е топол ветар и редовно е пропратен со дожд.

Ветерот што дува од Качаник према Скопје по долината на реката Лепенец е сличен како и Повардарецот.

Просечната брзина на ветровите изнесува максимално од 29-30 км/ч, средно од 14-21 км/ч и минимум од 1-5 км/ч.

Површина:
Општината се простира на површина од 92 км², и најголем дел од таа површина припаѓа на руралниот дел од општината, со 65% обработливо земјиште од вкупното земјиште на територијата на Општина Гази Баба.

Број на жители:
Според пописот од 2002г. општината има 72222 жители, и според бројот на жители претставува една од поголемите општини во градот Скопје и Република Македонија.

Демографската структура на општината според етничката припадност :

Македонци 73,3%, Албанци 17,3%, Срби 2,9%, Роми 2,9%, Турци 0,8%, Власи 0,3%, и останати 1,3%.

Просечна возраст:
На населението во ОГБ е 35,4 години, до 20 години 27,4%, до 40 години 58,6%, 60 години и повеќе 14,4%.

Општина Гази Баба претставува индустриско, образовно и комуникациско средиште на градот Скопје.

На нејзина територија се наоѓаат четири факултети од државниот Универзитетот Свети Кирил и Методиј, и еден приватен универзитет - ФОН, 11 основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби, пет државни средни училишта и едно приватно - Јахја Кемал, еден центар за сместување на средношколци, еден студентски центар за сместување на студенти, една приватна болница, две поликлиники, повеќе десетици пунктови на примарна здравствена заштита, аптеки, и филијали на банки и пошти.

Општина Гази Баба е најголемата индустриска зона на градот Скопје и Република Македонија, и на нејзина територија се создава третина од општествениот производ на Република Македонија.

На територијата на општина Гази Баба се регистрирани преку 5066 деловни субјекти според евиденцијата на Централен регистар на Македонија.
Општина ГАЗИ БАБА претставува комуникациска и транспортна порта на градот Скопје, низ која поминуваат сите транспортни и комуникациски коридори за градот Скопје како економски, административен и општествен центар на Република Македонија.

Општина Гази Баба претставува комуникациско средиште на сообраќајните и транспортните меѓународни коридорите 8 и 10 што претставува одлична основа за динамичен локален и регионален економски развој.

Низ територијата на Општина Гази Баба поминува и еден значаен дел (10 км) од заобиколницата околу градот Скопје.

Во непосредна близина на општина Гази Баба (на 15 км оддалеченост) се наоѓа и аеродромот „Александар Македонски".





Општина Гази Баба, ул. Архимедова бр.2,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;