|
Врз основа на член 3 став 2 од Статутот на Општина Гази Баба ("Службен гласник на Општина Гази Баба" бр.2/06), Советот на Општината Гази Баба на Четиринаесеттата седница одржана на 13.06. 2006 година, донесе
ДЕЛОВНИК
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1 Со овој деловник поблиску се уредуваат определени прашања сврзани со организацијата и начинот на работа на Советот на Општината Гази Баба (во натамошниот текст: Советот), конституирањето, односно верификацијата на мандатот на членовите на Советот, правата и должностите на членовите на Советот, правата и должностите на претседателот на Советот, работата на Советот, неговите комисии, и посебните тела на Општината, програмирањето на работата на Советот, јавноста во работата на Советот и неговите комисии, актите на Советот, донесувањето прописи од надлежност на Советот, претресувањето извештаи, анализи и други материјали, давањето согласност на статути и годишни сметки, односите на Советот со градоначалникот, односите на советот со јавните служби, установи и претпријатија, односите на советот со советите на други општини, вршењето на стручни работи за потребите на Советот, измените на Деловникот, како и други прашања од значење за работата на Советот.
Член 2 Работата на Советот, постојаните и повремените комисии е јавна, освен во случаите определени со закон, Статутот на Општината Гази Баба (во натамошниот текст: Статутот) и со овој Деловник.
II. КОНСТИТУИРАЊЕ НА СОВЕТОТ, ОДНОСНО ВЕРИФИКАЦИЈА НА МАНДАТОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ
Член 3 Конституирањето на Советот се врши со верификација на мандатите на
членовите на Советот на првата конститутивна седница на Советот.
Член 4 Верификационата комисија ја избира Советот на почетокот на седницата
од редот на новоизбраните членови на Советот.
Член 5 Верификационата Комисија, може да оспори решенија издадени од
Општинската изборна комисија, за избор на одделни членови на Советот и
да предложи верификацијата на мандатот да се одложи заради утврдување
дали тие се издадени согласно постигнатите изборни резултати на
учесниците.
Член 6 Верификационата Комисија му поднесува извештај на Советот со предлог
на кои членови на Советот треба да им се верификуваат мандатите, а на
кои треба да се одложи верификацијата на мандатите.
Член 7 Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, на оние кои се избрани на изборите за замена, како и на оние чија верификација е одложена, ја врши Советот на првата седница на која што тие ќе присуствуваат.
III. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ
1. Заеднички одредби
Член 8 Членот на Советот ги остварува правата и должностите утврдени со
законот, Статутот и со овој Деловник.
Член 9 Заради вршење на својата должност, членот на Советот има право од градоначалникот, општинската администрација, јавните служби, установи и претпријатија, основани од Општината и од други институции да бара податоци што му се потребни за неговата работа во Советот.
Член 10 Членот на Советот не може да учествува во процесот на одлучувањето за
прашања во кои тој или неговиот брачен другар, дете или роднина до втор
степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.
2. Присуствување на седници и учество во работата
Член 11 Членот на Советот има право и должност да присуствува на седниците на Советот, постојаните и повремените комисии во кои членува и да учествува во работата и одлучувањето.
Член 12 Членот на Советот има право да присуствува и на седниците на комисиите во кои не е член, како и право да учествува во нивната работа, но без право на одлучување.
Член 13 За присуството на седниците на Советот и на комисиите во кои
членуваат членовите на Советот, се води евиденција.
Член 14 Општинската администрација го известуваат претседателот на Советот,
за случаите кога член на Советот три пати едноподруго отсуствувал од
седниците на Советот и комисиите во кои членува, а не го оправдал своето
отсуство.
3. Покренување иницијативи и поднесување предлози
Член 15 Членот на Советот има право на седниците на Советот,:
Член 16 Членот на Советот има право поединечно или заедно со други членови на Советот, да предлага избор и разрешување на претседател на Советот, претседатели и членови на комисиите и посебните тела на Општината, што ги избира односно именува Советот, на начин и под услови утврдени со закон, Статутот и овој Деловник.
4. Поставување советничко прашање
Член 17 Членот на Советот има право на Градоначалникот и на раководните
органи, односно членовите на органите на управување на јавните служби,
установи и претпријатија што ги основа Општината, да им поставува 3
прашања (советнички прашања) што се однесуваат на нивната работа или на
работата од нивна надлежност, односно од надлежност на органите,
службите, установите и претпријатијата.
Член 18 Прашањето може да се поставува усно на седница на Советот, а во
времето меѓу две седници писмено.
Член 19 На усно поставеното прашање се одговара на седницата на која е
поставено прашањето, доколку се присутни лицето на кое му е поставено
или претставникот на институцијата на која тоа се однесува.
Член 20 Членот на Советот може да побара на прашањето што го поставил да му
се одговори писмено.
Член 21 На прашањето поставено до Градоначалникот, одговор дава
Градоначалникот или лице што тој го овластил.
Член 22 По примениот одговор, членот на Советот кој го поставил прашањето може да постави и дополнително прашање.
Член 23 По добиениот одговор на поставеното прашање, односно на
дополнителното прашање, членот на Советот може да предложи предметот на
кој се однесува неговото прашање да се стави на дневен ред на таа
седница на Советот или на една од наредните седници.
Член 24 Доколку членот на Советот не е задоволен од добиениот одговор на
прашањето, може да му предложи на Советот или на градоначалникот на
Општината, да ги разрешат раководните лица и носителите на функции, што
ги смета за одговорни за состојбата од која не е задоволен.
5. Чување тајна
Член 25 Членот на Советот е должен да чува тајна.
6. Обезбедување на услови за вршење на функцијата член на Совет
Член 26 Заради обезбедување на услови за вршење на функцијата член на Совет, општинската администрација и органите на управување на јавните служби, установи и претпријатија основани од Општината, на членовите на Советот:
Член 27 Членовите на Советот имаат право да ги користат просториите и документацијата на Општината, за извршување на нивните права и должности.
7. Престанок и одземање на мандатот на членовите на Советот
Член 28 На член на Советот му престанува мандатот во случаите утврдени со закон.
Член 29 Членот на Советот има право да поднесе оставка и да ја образложи.
Член 30 На член на Советот му престанува мандатот кога ќе се вработи во
општинската администрација, како и кога презел функција, односно служба
која, според законот, е неспојлива со вршењето на функцијата член на
Совет.
Член 31 На членот на Советот ќе му биде одземен мандатот доклоку повеќе од три пати едноподруго неоправдано отсуствувал од седниците на Советот.
Член 32 Претседателот на Советот е должен да ја извести Комисијата за
мандатни прашања, избори и именувања и да го внесе во предлогот на
дневниот ред за првата наредна седница на Советот секој случај што со
себе повлекува престанок на мандатот на некој од членовите на Советот.
IV. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ
1. Начин на избор на претседателот на Советот
Член 33 Советот има претседател кој го претставува Советот и врши други работи определени со закон, Статутот на Општината и овој Деловник.
Член 34 Претседателот на Советот го избира Советот по предлог на еден или
група членови на Советот.
2. Права и должности на претседателот на Советот
Член 35 Претседателот на Советот:
Член 36 Претседателот на Советот има право да учествува во работата на комисиите на Советот и да им предлага да претресуваат прашања од нивна надлежност.
Член 37 Претседателот на Советот може заради организација на работата на Советот да формира Координативното тело кое:
Координативното тело го сочинуваат по еден член на Советот како претставник на листата за избор на членови на Советот, што согласно извештајот на Општинската изборна комисија, добила мандати на одржаните локални избори.
3. Избор на претседател на Советот со јавно гласање
Член 38 Претседателот на Советот го избира Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на Советот.
Член 39 Ако се предложени повеќе кандидати за претседател на Советот, избран е кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на Советот.
Член 40 Советот гласа одделно за секој од предложените кандидати.
Член 41 Претседателот на Советот ги повикува членовите на Советот да се изјаснуваат "за" предлогот, без повикување да се изјаснат "против", односно "воздржан". Членот на Советот во постапката за избор на претседател на Советот со јавно гласање има право да се определи, односно да гласа "за" само за еден од кандидатите.
Член 42 Доколку во првиот круг никој од кандидатите за претседател на советот не го добил потребното мнозинство гласови, се пристапува кон втор круг на гласање за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најголем број гласови.
Член 43 Ако во првиот круг повеќе кандидати добиле ист број на гласови, заради што не може да се определат двајца кандидати што имаат најголем број на гласови, гласањето се повторува само за кандидатите што имаат ист број на гласови, со цел да се определат двајцата кандидати за кои ќе се гласа во вториот круг.
Член 44 Ако и по вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не го добил потребниот број гласови тогаш се повторува постапката за избор на претседател на Советот.
4. Избор на претседател на Советот со тајно гласање
Член 45 Изборот на претседател на Советот може да се изврши со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
Член 46 Со тајното гласање раководи комисија што ја избира Советот по предлог на членот на Советот, што предложил гласањето да биде тајно.
Член 47 Тајно гласање за избор на претседател на Советот се врши со гласачки ливчиња. На гласачкото ливче за избор на претседател на Советот се
отпечатуваат имињата и презимињата на лицата предложени за избор,
односно разрешување и тоа според редот на поднесените предлози.
Член 48 Гласачките ливчиња мораат да бидат со еднаква големина, боја и форма.
Член 49 Секој член на Советот добива по едно гласачко ливче.
Член 50 Членот на Советот гласа на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот за кого гласа и лично го спушта гласачкото ливче во поставената гласачка кутија, превиткано на начин што обезбедува тајност на гласањето.
Член 51 Откако сите присутни членови на Советот ќе гласаат и откако
претседавачот ќе објави дека гласањето е завршено, се преминува на
утврдување на резултатите од гласањето.
Член 52 Гласачкото ливче од кое не може јасно да се утврди за кого е гласано (заокружени се повеќе кандидати, прешкртани се имињата на еден или повеќе кандидати, ливчето е преправано, искинато или непополнето), се смета за неважечко.
Член 53 По завршување на гласањето и пребројувањето на гласачките ливчиња, претседателот на комисијата ќе го објави резултатот од гласањето и ќе соопшти колку вкупно членови на Советот, подигнале гласачки ливчиња, колку гласале, колку гласови добил секој од кандидатите.
Член 54 Врз основа на извештајот на комисијата, претседавачот ќе констатира кој од кандидатите е избран за претседател на Советот.
Член 55 Доколку, ниту еден од кандидатите не е избран за претседател на
Советот во првиот круг на гласање, односно не го добил потребното
мозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, претседавачот ќе
констатира за кои двајца кандидати, кои добиле најголем број гласови во
првиот круг на гласање, ќе се гласа во вториот круг.
Член 56 Во постапката и начинот на гласање во вториот круг, со двајца кандидати, соодветно се применуваат одредбите од овој Деловник што се однесуваат на гласањето во првиот круг.
Член 57 Ако ниту еден од двајцата кандидати во вториот не го добил потребното мнозинство изборната постапка во целост се повторува.
V. РАБОТА НА СОВЕТОТ
1. Свикување на седници
Член 58 Советот работи на Седници што ги свикува претседателот на Советот, по сопствена иницијатива. Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, седница свикува најстариот член на Советот. Седница на Советот, согласност со закон, може да се свика и на барање
на Градоначалникот, како и на барање на најмалку ? од членовите на
Советот, во рок од 15 дена од поднесувањето на барањето.
Член 59 Покана за седница на Советот им се испраќа на сите членови на
Советот, најдоцна 7 дена пред денот определен за одржување на седницата.
2. Дневен ред
Член 60 Дневен ред на седница на Советот се утврдува на предлог на
претседателот на Советот на почетокот на седницата, со мнозинство
гласови на присутните членови на Советот.
Член 61 Секој член на Советот може на седницата да предложи:
Градоначалникот може да предложи дополнување на дневниот ред на
седницата со определено прашање и итноста да ја образложи
Градоначалникот или претставник што тој ќе го овласти.
3. Претседавање и учество
Член 62 На седница на Советот претседава претседателот на Советот.
Член 63 Во работата на седница на Советот, без право на одлучување, можат да учествуваат и поканети претставници на јавни служби, установи и претпријатија.
Член 64 На седница на Советот никој не може да говори пред да побара и добие
збор од претседателот.
Член 65 Членот на Советот говори од говорницата или од своето место доколку
има технички услови сите присутни да го следат неговото излагање.
Член 66 Претседателот се грижи членот на Советот да не биде попречуван во
својот говор.
Член 67 Претседателот им дава збор на членовите на Советот по редот на
нивното пријавување.
Член 68 Претседателот ќе му даде збор на членот на Советот ако побара збор (реплика)
за да го исправи наводот што е неточно изложен или што дал повод за
недоразбирање или предизвикал потреба од лично објаснување, и тоа откако
ќе го заврши излагањето оној што ја предизвикал потребата од реплика.
Член 69 Членот на Советот може да говори само по прашање што е на дневен ред. Ако членот на Советот се оддалечи од дневниот ред, претседателот ќе
го повика да се придржува за дневниот ред.
4. Ограничување на времетраењето на излагањето
Член 70 По предлог на претседателот или од член на Советот, кого го поддржуваат најмалку 5 членови на Советот, може да одлучи, со мнозинство гласови на присутните членови на Советот, по истото прашање на седницата да се говори само еднаш, како и да се определи времетраењето на излагањето, што не може да биде пократко од 5 минути.
5. Одржување на редот
Член 71 За одржување на редот на седницата се грижи претседателот.
Член 72 За повреда на редот на седницата, против членот на Советот кој го
повредува редот може да се изречат следните мерки: опомена, одземање на
зборот и оддалечување од седницата.
Член 73 Опомена ќе му се изрече на членот на Советот кој во своето излагање
се оддалечува од дневниот ред, кој со своето однесување, со земање збор
кога претседателот не му дал збор, со упаѓање во збор, или со слична
постапка го нарушува редот на седницата и одредбите на овој Деловник.
Член 74 Мерката оддалечување од седницата му се изрекува на членот на Советот
што нема да постапи по барањето на претседателот кој му ја изрекол
мерката одземање на збор или на друг начин ја попречува работата на
седницата или го навредува Советот или неговите членови, или во говорот
употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Советот.
Член 75 Мерката оддалечување од седницата можат да ја предложат претседателот
на Советот или член на Советот.
Член 76 Ако со редовни мерки не може да го одржи редот на седницата, претседателот ќе ја прекине седницата.
Член 77 Претседателот може да нареди од салата во која се одржува седницата да се отстрани секе лице кое го нарушува редот.
Член 78 Сите лица кои се наоѓаат во просториите на Советот, додека трае седницата, по службена должност се должни да ги извршат налозите на претседателот во поглед на одржување на редот.
6. Тек на седница
Член 79 Членовите на Советот имаат право, пред да се утврди дневниот ред на
седницата, да стават забелешки на записникот од претходната седница.
Член 80 По усвојувањето на дневниот ред, претседателот ги информира членовите на Советот за дополнително доставените или пред седницата поделените материјали и дава други соопштенија што се од значење за работата на седницата и што треба да се имаат предвид при одлучувањето.
Член 81 Седницата се одржува според усвоениот дневен ред, а претседателот е
должен да отвора претрес по секоја од точките, освен ако со закон,
Статутот и со овој Деловник е определено да се одлучува без претрес.
Член 82 Претресот по определено прашање трае и се води се додека по него има
пријавени за збор.
Член 83 Претресот по одделни прашања е единствен.
7. Мнозинство за работа, прекин и пауза на седница
Член 84 Советот може да работи ако на седница присуствуваат мнозинство од
вкупниот број членови на Советот.
8. Одлучување
Член 85 Советот одлучува со мнозинство на гласови од присутните членови на
Советот а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на
Советот.
Член 86 Членовите на Советот гласаат на тој начин што се изјаснуваат "за" или "против" предлогот или се воздржуваат од гласањето.
Член 87 Јавното гласање се врши со со користење на соодветен електронски ситем, со кревање на рака или со поименично усно изјаснување.
Член 88 Гласањето со употреба на соодветен електронски систем, се врши на начин кој овозможува секој од членовите на советот да гласа и да се евидентира секој даден глас "за", "против" или "воздржан", и да се утврди збирот на гласовите, односно резултатот од гласањето.
Член 89 Гласањето со кревање на рака се врши на тој начин што претседателот ги повикува членовите на Советот најнапред да се изјаснат кои се "за" предлогот, потоа да се изјаснат кои се "против" предлогот и на крајот да се изјаснат тие што се воздржуваат од гласањето.
Член 90 Поименично гласање се врши кога претседателот смета дека е потребно
точно да се утврди резултатот од гласањето.
Член 91 Тајно гласање се врши со гласачки ливчиња.
Член 92 Ако тајното гласање е за донесување на пропис од надлежност на Советот, на гласачкото ливче точно се отпечатува називот на прописот и се овозможува членот на советот да гласа "за", "против" или "воздржан".
Член 93 Ако тајното гласање е за избор или разрешување, на гласачкото ливче
се отпечатуваат имињата на лицата предложени за избор, односно
разрешување и тоа според редот на поднесените предлози.
Член 94 Гласачките ливчиња мораат да бидат со еднаква големина, боја и форма.
Член 95 Секој член на Советот добива по едно гласачко ливче.
Член 96 Членот на Советот лично го спушта гласачкото ливче во поставената гласачка кутија, превиткано на начин кој обезбедува тајност на дадениот глас.
Член 97 При гласање за избор, членот на Советот гласа на тој начин што го
заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот за кого
гласал.
Член 98 Откако сите присутни членови на Советот ќе гласаат и откако
претседателот ќе објави дека гласањето е завршено, се преминува на
утврдување на резултатите од гласањето.
Член 99 По завршување на гласањето и пребројувањето на гласачките ливчиња, претседателот на комисијата ќе го објави резултатот од гласањето на истата седница на Советот и ќе соопшти колку вкупно членови на Советот гласале, колку биле "за", "против„ или "воздржани" и колку има неважечки гласачки ливчиња.
9. Записници
Член 100 За работата на седниците на Советот се води записник.
Член 101 Записникот им се испраќа на членовите на Советот, по правило, заедно со поканата за одржување на наредната седница.
Член 102 Записникот на кој не се ставени забелешки, односно записникот во кој
согласно со усвоените забелешки се извршени измени се смета за усвоен.
10. Стенографски белешки
Член 103 За работата за седниците на Советот се водат стенографски белешки, а
по потреба се обезбедува и тонско или видео снимање.
VI. КОМИСИИ НА СОВЕТОТ
1. Постојани и повремени комисии
Член 104 Советот формира постојани и повремени комисии.
Член 105 Постојаните комисии, во рамките на својот делокруг:
Член 106 Повремените комисии Советот ги формира заради проучување на
определено прашање кое не спаѓа во делокругот на постојаните комисии,
како и во други случаи кога за тоа ќе се укаже потреба,
2. Состав на комисиите
Член 107 Бројот на членовите на постојаните комисии се определува со Статутот.
Член 108 Постојаните и повремените комисии имаат претседател и определен број
членови.
Во случај на спреченост или отсутност, претседателот го заменува член на комисијата.
3. Начин на работа
Член 109 Комисиите работат на седници што ги свикува претседателот на
Комисијата по сопствена иницијатива.
Член 110 Записниците и извештаите од седницата на комисијата ги потпишува претседателот на комисијата.
Член 111 Иницијатива за внесување одделни прашања во предлогот на дневниот ред на седницата на комисијата можат да дадат членови на советот, други комисии на Советот, како и јавните служби, установи и претпријатија основани од Општината.
Член 112 Претресот по прашањата што се на дневен ред на седницата на комисијата, може да заврши со прост премин на наредната точка од дневниот ред или со донесување на заклучок, за што на Советот може да му поднесе извештај.
Член 113 Комисијата може да му предложи на Советот да го одложи претресувањето на одделно прашање што комисијата го разгледувала, а кое е содржано во предлогот на дневниот ред за седницата на Советот.
Член 114 Комисиите на Советот покренуваат разгледување на прашања од својот делокруг по сопствена иницијатива, а се должни да го разгледаат секое прашање од својот делокруг, чие разгледување ќе го побара претседателот на Советот и Градоначалникот.
Член 115 Дневниот ред на седницата на комисијата се утврдува на почетокот на седницата.
Член 116 Комисиите можат да работат ако на седницата присуствуваат
мнозинството членови на комисијата.
Член 117 Кога ќе одлучи да му поднесе извештај или предлог на Советот, комисијата определува свој известител, кој по налог на комисијата, по сопствена иницијатива или по барање на Советот, на седницата на Советот ќе го образложи ставот или предлогот на комисијата.
Член 118 На седницата на комисијата задолжително присуствува претставник на
предлагачот.
Член 119 Комисијата има право од предлагачот да бара известување, појаснување, како и други податоци што му се потребни за работа, а со кои предлагачот располага или е должен да ги собира и евидентира.
Член 120 Комисијата може на свои седници да покани претставници на органи, организации, заедници и здруженија, како и научни, стручни и јавни работници, заради изнесување на нивни мислења по прашањата што се разгледуваат на седницата на комисијата.
4. Делокруг на постојаните комисии на Советот
Член 121 Советот ги има следните постојани комисии:
а) Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
Член 122 Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања:
б) Статутарно-правна комисија
Член 123 Статутарно-правната комисија:
в) Комисија за програмирање на работата на Советот на Општината Гази Баба
Член 124 Комисијата за програмирање на работата на Советот на Општината Гази
Баба го утврдува предлогот на Програмата за работа на Советот на
Општината Гази Баба и го доставува до Советот за донесување. Комисијата
го утврдува Предлогот на Програмата врз основа на предходно прибавени
предлози и мислења од овластени предлагачи и заинтересирани субјекти.
г) Комисија за финансии и буџет
Член 125 Комисијата за финансии и буџет ги следи, разгледува и анализира појавите, проблемите и прашањата во врска со финансирањето на функциите на Општината; ги разгледува нацртот и предлогот на буџетот и завршната сметка на буџетот; ги следи состојбите со остварувањето на изворните приходи на Општината и остварува увид во реализацијата на планираните расходи.
д) Комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина
Член 126 Комисијата за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина ги разгледува прашањата од областа на урбанистичкото уредување на просторот на Општината; ги разгледува деталните урбанистички планови и урбанистичката документација; ги разгледува прашањата од областа на комуналните дејности, и тоа: изградба, одржување и заштита на сервисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти, одржувањето на јавната чистота на сервисните и станбените улици, одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбени улици, изградбата и одржувањето на јавното осветлување на станбените и сервисните улици на подрачјето на Општината, дезинфекција и дератизација, отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини; ги разгледува прашањата во врска со заштитата и унапредувањето на животната средина (заштита од загадување на воздухот и водата и спречување на штетната бучава), и по нив дава соодветни предлози и мислања на Советот на Општината.
ѓ) Комисија за општествени дејности
Член 127 Комисијата за општествени дејности во рамките на правата и должностите на Општината ги разгледува прашањата во врска со организацијата на основното образование, мрежата на училиштата, основање и престанок на основните училишта, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи за деца -детски градинки, и други прашања од областа на основното образование и од областа на социјалната и детската заштита во согласност со Закон, и по нив дава соодветни предлози и мислења на Советот на Општината.
е) Комисија за месна самоуправа
Член 128 Комисијата за месна самоуправа разгледува прашања од областа на месната самоуправа, а кои се однесуваат на: постапката за свикување и одржување на Собирот на граѓаните, основање на облици на месна самоуправа и изборот на Советот на урбаната односно месната заедница.
ж) -Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија
Член 129 Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија покренува иницијативи и предлози за одбележување на празници и манифестации и ги разгледува иницијативите и предлозите поднесени од други субјекти; покренува иницијативи и предлози за доделување награди и признанија и ги разгледува иницијативите и предлозите поднесени од други субјекти; дава предлози и ги разгледува предлозите за прогласување почесен граѓанин на Општината; дава мислење по поднесени предлози, и обранизира свечено одбележување при врачување на наградите и признанијата.
з) Комисија за локален економски развој
Член 130 Комисијата за локален економски развој разгледува прашања за планирање на локалниот економски развој; развојни и структурни приоритети; развојот на малите и средни претпријатија, како и други прашања од оваа област.
ѕ) Комисија за земјоделие
Член 131 Комисијата за земјоделие разгледува прашања од областа на земјоделието, во кое се опфатени состојбите, проблемите и развојот на земјоделието на подрачјето на Општината Гази Баба.
и) Комисија за култура, спорт и рекреација
Член 132 Комисијата за култура, спорт и рекреација разгледува прашања во врска со организацијата, развојот и унапредувањето на: културата, развој на мрежата на установи, поттикнување на творештвото, заштита и користење на културното богатство; физичката култура, развој на масовниот спорт и рекреативните активности, спортски приредби и манифестации и други прашања од значење за спортот.
ј) Комисија за родова еднаквост
Член 133 Комисијата за родова еднаквост разгледува прашања за еднаквите можности помеѓу жените и мажите, состојбите со застапеноста на жените во органите, учествува во проекти од оваа област и разгледува прашања од значење за родовата еднаквост.
к) -Комисија за негување и чување на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава и заштита на историските споменици испомен обележја
Член 134 Комисијата за негување и чување на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја ги разгледува прашањата во врска со негувањата и чувањата на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава, и ги разгледува прашања во врска со уредувањето на начинот на одржувањето и користењето на историските споменици и спомен обележја.
5. Посебни одредби за избор и разрешување на претседатели и членови на комисии
Член 135 Избор на претседател и членови на комисија на Советот се врши во
целина, врз основа на предложени листи.
Член 136 Избор заради промена на пооделен член на комисија се врши врз основа на поединечни предлози, со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови на Советот.
Член 137 Предлог за разрешување на претседател и членови на комисија може да
даде комисијата, член на Советот или претседателот на Советот.
VII. ПРОГРАМИРАЊЕ НА РАБОТАТА
Член 138 Работата на Совеотт се одвива според програма за работа на Советот.
Член 139 Основа за изработка на програмата за работа на Советот се работите што со закон се ставени во надлежност на Советот.
Член 140 Предлози за внесување на одделни задачи и работи во програмата за работа на Советот можат да поднесуваат:
Член 141 Програмата за работа на Советото особено содржи:
Во програмата за работа се назначува кои документи се даваат на јавна или стручна расправа или на друг облик на непосредно изјаснување на граѓаните.
Член 142 Задолжените субјекти се должни во предвидените рокови тие акти и
материјали да му ги поднесат на Советот на разгледување и усвојување.
VIII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА СОВЕТОТ
Член 143 Седниците на Советот се јавни.
Член 144 Заинтересираните граѓани можат да присуствуваат на седниците на Советот по претходно одобрение од претседателот на Советот.
Член 145 Советот ја известува јавноста за прашањата што се разгледуваат и за кои се одлучува во Советот, за своите одлуки и ставови по тие прашања, како и за работата на комисиите, при што развива и користи најразлични форми за известување.
Член 146 Претставниците на средствата за јавно информирање имаат право да
присуствуваат на седниците на Советот и на комисиите и да ја известуваат
јавноста за нивната работа.
Член 147 На претставниците на средствата за јавно информирање им се ставаат на располагање нацртите и предлозите на прописите, информативните и документационите материјали, извештаите за работа на комисиите на Советот и записниците од седниците на Советот, освен ако одделно прашање се разгледува без присуство на јавноста.
Член 148 Советот може да одлучи нацрт, односно предлог на определена одлука или на друг општ акт кој се претресува во Советот, да се објави преку печатот или во посебна публикација.
Член 149 Советот може заради известување на јавноста за својата работа да одлучи да се даде официјално соопштение на средствата за јавно информирање.
Член 150 Конференција за печатот по прашања од надлежност на Советот, односно
во врска со неговата работа, одржува претседателот на Советот, по
сопствена иницијатива или кога така ќе одлучи Советот.
IX. АКТИ НА СОВЕТОТ
Член 151 Советот донесува прописи за уредување на прашањата од своја
надлежност и го следи нивното извршување.
Член 152 Со препорака се укажува на значењето на определени прашања кои се
однесуваат на тековните состојби и движења во определена област или на
извршувањето на одлуки и други општи акти на Советот и се изразува
мислењето на Советот по тие прашања.
Член 153 Со заклучок Советот, во рамките на својот делокруг, може да утврдува
обврски на Градоначалникот и на јавните служби основани од Општината, во
однос на подготвувањето на одлуки или на други општи акти или во однос
на вршењето на други работи од нивниот делокруг.
Член 154 Решение е конкретен и конечен акт со кој Советот решава за поединечни работи.
Член 155 Прописите и другите општи и поединечни акти донесени на седница на
Советот ги потпишува претседателот на Советот.
X. ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ
1. Поведување на постапка
Член 156 Одлуките од своја надлежност Советот ги донесува по предлог на
градоначалникот или на член на Советот.
Член 157 Советот донесува одлуки од своја надлежност и на иницијатива
поднесена од членовите на Советот, јавните служби, установи и
претпријатија, облиците на месна самоуправа, здруженијата на граѓаните,
граѓаните и други субјекти.
2. Предлог на одлука
Член 158 Градоначалникот и другите предлагачи своите предлози за уредување на
определени прашања од надлежност на Советот ги поднесуваат, по правило,
во форма на предлог на одлуки.
Член 159 Предлогот на одлуката ги содржи причините поради кои треба да се донесе одлуката, содржината на одлуката и образложение.
Член 160 Причините за донесување на одлуката ги содржат:
Член 161 Содржината на одлуката што се предлага да се донесе се изготвува во вид на правно формулирани одредби.
Член 162 Текстот на одлуката мора да биде образложен.
Член 163 Советот може, по предлог на членовите на Советот или од
Статутарно-правната Комисија да донесе заклучок дека заради тоа што со
одлуката се уредува сложена или обемна материја, како и во други случаи
кога ќе оцени дека е тоа потребно, поднесениот предлог да се претресува
и утврди како нацрт.
Член 164 Предлагачот е должен во образложението на така изработен предлог
посебно да ги наведе причините за неприфатените мислења и забелешки по
нацртот.
3. Претресување на одлука
Член 165 Претресот на одлуката, на седницата на Советот, по правило е единствен, доколку Советот не одлучи да води претрес по делови, односно членови.
Член 166 Советот може да одлучи да води одделно претрес во начело заради
изјаснување за причините и потребата од донесување на предложената
одлука и претрес по содржината на одлуката.
Член 167 Предлагачот на одлуката, односно неговиот претставник има право во текот на целиот претрес на одлуката да дава образложенија, појаснувања и да изнесува свои мислења.
Член 168 Градоначалникот, односно претставникот што тој го овластил може да
учествува во текот на целиот претрес на одлуката на седницата на Советот
и кога не е предлагач на одлуката.
4. Амандмани
Член 169 На решенијата содржани во предлогот на одлуката за која се води претрес
на седницата на Советот може да се поднесуваат предлози за измена или
дополнување (во натамошниот текст: амандмани).
Член 170 Амандманот се поднесува писмено.
Член 171 Амандманот може, по правило, да се поднесе најдоцна 3 дена пред денот определен за одржување на седницата на Советот на која ќе се претресува предлогот на одлука, а се поднесува преку претседателот на Советот.
Член 172 Претседателот на Советот веднаш им го доставува амандманот на сите
членови на Советот и на Градоначалникот и кога тој не е предлагач на
одлука.
Член 173 Ако амандманот на предлогот на одлука содржи одредби со кои се ангажираат финансиски средства, претседателот на Советот, амандманот веднаш ќе го достави и на комисијата во чиј делокруг спаѓаат прашањата на буџетот, за да го проучи влијанието на амандманот врз средствата со кои се располага и можните извори за финансирање на предложените решенија и за тоа да го извести Советот.
Член 174 Член на Советот може, по исклучок, да поднесе амандман на предлогот на
одлуката на седница на Советот, во текот на претресот на тој предлог.
Член 175 Предлагачот на одлуката може да поднесува амандмани се до заклучувањето
на претресот по предлогот на одлука.
Член 176 Кога амандманот се поднесува во текот на претресот на предлог на одлука, претседателот на Советот ќе ја прекине седницата и ќе даде пауза за да можат подносителите да го изготват амандманот.
Член 177 Ако усвојувањето на амандманот би повлекувало побитни измени на текстот на предлогот на одлуката, за амандманот не може да се одлучи на седницата на Советот, додека надлежната комисија и Статутарно-правната Комисија ќе му поднесат извештај за тој амандман.
Член 178 За амандманот се води посебен претрес на седница на Советот.
Член 179 По амандман на предлогот на одлуката, поднесен во текот на претресот на
предлогот на одлуката, Советот може да одлучи претресот да се одложи и
да продолжи на една од наредните седници или претресот да се прекине,
додека надлежната комисија и Статутарно-правната Комисија не го проучи
амандманот.
Член 180 За амандманите се одлучува пред да се расправа по предлогот на одлука на која се однесува амандманот.
Член 181 Ако на ист член од предлогот на одлука се поднесени два или повеќе различни амандмани, за амандманите се гласа според редот по кој се поднесени.
Член 182 Доколку со некој од амандманите се предлага бришење на одделен член од предлогот на одлука, прво се гласа за тој амандман и ако тој амандман биде усвоен, нема да се гласа за другите амандмани на тој член.
5. Итна постапка за донесување на одлука
Член 183 Одлука може да се донесе и по итна постапка на редовна или вонредна
седница на Советот.
Член 184 Советот отвора расправа за оправданоста на предлогот да се донесе одлука
по итна постапка.
Член 185 Советот може пред или во текот на претресот, да побара од Статутарно-правната Комисија, итно да поднесе свое мислење и предлози по предлогот на одлуката.
Член 186 На предлогот на одлуката што се донесува по итна постапка секој член на
Советот може да поднесува амандмани до заклучувањето на претресот.
6. Јавна и стручна расправа по нацрти на прописи
Член 187 Советот самостојно, на предлог на градоначалникот или кога е тоа предвидено со закон, ќе донесе заклучок за организирање јавна или стручна расправа по нацрт на одлуки и други општи акти за кои ќе се оцени дека се од особено значење за граѓаните на Општината.
Член 188 Кога ќе заклучи нацрт на одлука или друг акт да се стави на јавна и стручна расправа Советот ќе определи:
За извршување на задачите од став 1 на овој член Советот може да
формира посебно работно тело.
Член 189 Нацртот на одлуката и друг општ акт што се ставаат на расправа се
објавуваат во дневните весници или како посебен сепарат.
Член 190 Извештајот за резултатите од расправата ги опфаќа мислењата и предлозите
што биле изнесени во расправата.
Член 191 Во организирањето и спроведувањето на јавната расправа се остварува соработка со месните заедници, односно други облици на месна самоуправа, а во организирањето и спроведувањето на стручната расправа со стручни организации и заедници, односно здруженија на граѓани.
XI. ПРЕТРЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ, АНАЛИЗИ И ДРУГИ МАТЕРИЈАЛИ
Член 192 Претресот по анализите, извештаите и другите материјали во Советот, може да заврши со прост премин на наредната точка од утврдениот дневен ред на Советот, односно комисијата или со донесување заклучок.
XII. ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА СТАТУТИ, ИЗВЕШТАИ И ГОДИШНИ СМЕТКИ
Член 193 Советот со решение одлучува за давање согласност или за отфрлање на
барањето за давање согласност на статутот на јавната служба, установа и
претпријатие основани од Општината, како и на други субјекти за кои со
закон е определено Советот да дава согласност.
Член 194 Статутите задолжително му се доставуваат на Градоначалникот заради давање мислење по нив, во рок од 30 дена од денот на приемот.
Член 195 На седницата на Советот на која се расправа за давање согласност на статутот на јавна служба, установа и претпријатие основано од Општината, како и на други субјекти за кои со закон е определено Советот да дава согласност се поканува и претставник на подносителот на статутот.
Член 196 Сатутот на кој е дадена согласност се применува од денот на донесувањето од надлежниот орган на јавната служба, установа и претпријатие основани од Општината, како и на други субјекти за кои со закон е определено Советот да дава согласност.
XIII. ОДНОСИ НА СОВЕТОТ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Член 197 Градоначалникот има право и должност да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.
Член 198 Градоначалникот може да определи свои претставници за седниците на
Советот и комисиите.
Член 199 Претседателот на Советот и претседателите на комисиите задолжително го известуваат Градоначалникот за закажаните седници.
XIV. ОДНОСИ НА СОВЕТОТ СО ЈАВНИТЕ СЛУЖБИ, УСТАНОВИ И ПРЕТПРИЈАТИЈА
Член 200 Советот може да побара од Градоначалникот или од органите на управување
на јавните служби што ги основала Општината, извештај за состојбите во
определена област, за спроведување на политиката и за извршување на
прописите и другите општи акти, што ги донел Советот во рамките на
својата надлежност, како и за други задачи за кои се овластени од страна
на Советот.
Член 201 Советот и неговите комисии можат, во рамките на својот делокруг, да
бараат јавните служби, установи и претпријатија:
Член 202 Советот и комисиите ги известуваат јавните служби, установи и претпријатија за седниците на кои ќе бидат претресувани прашања кои се однесуваат од областа на нивниот делокруг, заради учество на нивни претставници на тие седници.
Член 203 Раководните лица имаат право и должност да учествуваат во работата на
седниците на Советот, кога на тие седници се претресува предлог на акт
со кој се уредуваат прашања што се однесуваат на јавните служби,
установи и претпријатија, со кои тие раководат или друго прашање кое се
однесува на областа од нивниот делокруг.
Член 204 Раководните лица се должни по барање од комисиите на Советот, да учествуваат во работата на нивните седници, кога се разгледува предлог на акт со кој се уредуваат прашања што се однесуваат на делокругот на јавните служби, установи и претпријатија, со кои тие раководат.
Член 205 Ако раководното лице е спречено да учествува во работата на седницата на Советот или на работното тело може да определи во работата на седницата да учествува негов претставник.
XV. ОДНОСИ НА СОВЕТОТ СО СОВЕТИТЕ НА ДРУГИ ОПШТИНИ
Член 206 Меѓусебните односи на Советот со советите на други општини се
остварува во рамките утврдени со закон, Статутот на Општината и овој
деловник.
Член 207 Советот може да соработува со советите на општините во постапката за подготвување на прописи и други акти од заеднички интерес, заради усогласување на ставовите и изнаоѓање на заеднички организациони и други решенија за вршење на надлежностите на општините.
Член 208 Соработката на Советот на Општината со советите на други општини се заснова врз начелата на рамноправност и координација во сите фази на подготвување и спроведување на прописите и другите општи акти од заеднички интерес.
Член 209 Соработката на Советот со советите на други општини, може да се врши размена на информативни, документациони и други материјали, со формирање на заеднички работни групи за проучување на одредени прашања од интерес за општините, како и други видови на меѓусебна соработка.
XVI. ВРШЕЊЕ СТРУЧНИ РАБОТИ ЗА СОВЕТОТ
Член 210 Стручните и другите работи за потребите на Советот и неговите комисии
и за членовите на Советот ги врши општинската администрација.
XVII. ИЗМЕНА НА ДЕЛОВНИКОТ
Член 211 Иницијатива за измена на Деловникот може да поднесат членовите на
Советот, комисиите, Градоначалникот и други субјекти.
Член 212 По прифаќањето на иницијативата за измена на Деловникот, Советот
формира Комисија за деловник која изготвува нацрт на одлука за измена на
Деловникот.
XVIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 213 Со влегување во сила на овој Деловник престанува да важи Деловникот на Советот на Општината Гази Баба ("Службен гласник на Град Скопје" бр.4/98) и Одлуката за формирање на работни тела на Советот на Општината Гази Баба ("Службен гласник на Град Скопје" бр.12/97).
Член 214 Овој Деловник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на Општината Гази Баба".
|




