|
ОПШТИНСКИ СОЈУЗ НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА ГАЗИ БАБА Здружението на Граѓани на Општинскиот Сојуз на Училишен Спорт на Гази Баба (во натамошниот текст “ЗГОСУСГБ“) е формирано во 2007 година.
Toa е здружение на граѓани од областа на спортот настанато по иницијатива на наставници, професори по ФЗО, спортски работници, директори на училишта, родители на ученици, претставници на општина Гази Баба и други лица полнолетни граѓани од редот на сите основни и средни училишта Сите погоре наведени ги прифаќаат одредбите на статутот на здружението заради остварување на организирано бавење со спорт и спортски активности на учениците од општината како и збогатување на вкупниот ангажман на учениците во училиштата. Значајна активност на здружението претставува и поврзување и соработка со други здруженија и организации со иста или слична платформа, организирање на спортски натпревари и манифестации на сите нивоа во училиштето и општината како и соработка и поврзување со Сојузот на училишен спорт на Скопје и Федерацијата на училишен спорт на Македонија заради остварување на можноста за учество во системот на спортски натпревари и во рамките на кваитетниот училишен спорт.
Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба |
|
|




