Контакт за Сектор за Животна Средина
Општина Гази Баба
1000 Скопје
T: +389 (0)2 322 66 55
E: zivotnasredina@gazibaba.gov.mk
|
Шумата на локалитетот Гази Баба претставува посебен феномен бидејќи многу ретко се наоѓа толку голема површина под шума во средиштето на една урбана средина, како што е градот Скопје. Иако се работи за вештачки подигната култура, од своето формирање до денес, оваа шума станала вистинска биоценоза со сите свои атрибути. Целосно оформен биотоп во центарот на градското подрачје. Поради нејзиното огромно значење, со Одлука на Градот Скопје шумата на локалитетот Гази Баба е заштитена како “карактеристичен пејсаж”. Карактеристичниот пејсаж Гази Баба како заштитено подрачје е под ингеренции на Градот Скопје а со него стопанисува јавното претпријатие Паркови и зеленило.
Карактеристичнот пејсаж Гази Баба е оформен во педесетите години на минатиот век со првенствена и единствена намена- санитарно-хигиенсака заштита од емисиите од поранешната Железарница и нивно спречивање да се дисперзираат кон внатрешноста на градот кој тогаш бил со значително помали димензии. Меѓутоа сега шумата се наоѓа во центарот на градот а нејзината основна санитарно-хигиенска функција е надополнета и со културно-воспитната и туристичко-рекреативната функција.
Вкупната површина на карактеристичниот пејсаж Гази Баба изнесува 102,44 хектари. Тука се јавуваат голем број на разновидни лисјарски и четинарски видови на дрвја и грмушки а најраспространети се црниот бор, јасенот, дабот и други. Значењето на оваа шума изразено во конкретни бројки на годишно ниво изгледа вака:
Овие показатели се доволни да ни го покажат непроценливото општокорисно значење на карактеристичниот пејсаж Гази Баба. Токму затоа Општина Гази Баба преку повеке проекти во изминатиот период работеше на зачувување на врдностите на карактеристичниот пејсаж Гази Баба. Нашата крајна цел е парк-шумата Гази Баба да биде погодно и привлечно место за реллаксација како на жителите на Општина Гази Баба така и на жителите од градот Скопје. |
|
|




