Контакт за Сектор за Животна Средина
Општина Гази Баба
1000 Скопје
T: +389 (0)2 322 66 55
E: zivotnasredina@gazibaba.gov.mk
|
Локалитетите Острово, Арборетум и Езерце се наоѓаат во централниот дел на Скопската Котлина, во атарот на село Трубарево, општина Гази Баба. За време на периодот на терциер просторот бил дел од некогашното скопско неогено езеро. Подоцна со повлекување на водата овој простор останал на суво и постепено бил освојуван од терестички флорни и фаунистички видови. Целиот простор е на средна надморска височина од околу 235м. со повшина 23,2 хектари од кои Осторвото е со 14,5 хектари, Дендро-паркот Арборетум зафаќа 3 ха и локалитетот Езерце зафаќа 5,7 ха. Од климатски аспект овој дел од просторот е под влијание на континентална клима од север и мало влијание на суб-медитеранска клима која продира по течението на реката Вардар од југ. Средната годишна температура изнесува 12,2°Ц. Последново укажува дека станува збор за доста ариден (сушен) регион, со малку врнежи (средно годишни количини на врнежи од 514 мм). Локалитетите се лоцирани во алувијалната рамнина на река Вардар што укажува на фактот дека просторот изобилува со подземна хидрографска мрежа. |
|
|




